свеќник со школки

Домашен морски свеќник со школки

Време е за летно уредување на домот! Направете домашен морски свеќник со школки и уживајте во убавата летна атмосфера.

Оние љубителите на плажа, песок и школки секогаш може да го донесат морското дно во нивниот дом. А она што ви е потребно се школки во различни големини, свеќа, песок и поголем сад.

Како да направите домашен морски свеќник со школки?

Имате малку време на располагање, сте креативни и го сакате летото? Овој „направи сам“ проект е идеален за вас. Погледнете го краткото видео и следете ги инструкциите:

Потребни ви се:

  • школки во различни големини
  • фитили за свеќи
  • свеќи
  • силиконски пиштол или лепило
  • поголем сад
  • песок.

Начин на изработка:

Со помош на силиконски пиштол или лепило залепете ги фитилите во секоја школка.

Свеќата искршете ја на парчиња и растопете ја во сад на пареа или во микробранова печка. Потоа, растопената свеќа турете ја во школките. Потоа оставете восокот да се зацврсти за време од еден час.

Во поголем плиток сад ставете песок. Врз песокот распоредете ги школките со восокот. Потоа додадете други школки или камчиња. Со тоа, вашиот морски свеќник со школки е готов. Запалете ги свеќичките и уживајте ви прекрасната летна атмосфера.

Ви предлагаме да прочитате: 3 летни идеи за морски декорации со стари тегли и чинии.

Сподели: