поткожни влакна

Домашен пилинг кој помага при поткожни влакна

Многумина од нас имаат проблем со поткожни влакна, кои понекогаш може да предизвикаат црвенило, болка и инфекција на кожата. Поткожните влакна се појавуваат кога растат настрана и се свиткуваат назад во кожата. Најчесто се појавуваат на пазувите, нозете, бикини зоната и рацете кај жените, а кај мажите на лицето и вратот. Колку се поостри, подебели и посвиткани, толку е поголема шансата да се појават поткожни влакна.

Причините за појава може да бидат бричење, интолеранција на глутен, но се уште точната причина за настанувањето не е позната. Состојбата се вложува во зимските месеци, а особено е поизразена кај лица кои имаат сува кожа.

пилинг за поткожни влакна

Домашен пилинг со кокосово масло и шеќер кој помага при поткожни влакна

Еден од начините со кои може да си помогнете и да го подобрите изгледот на кожата е редовната ексфолијација, односно пилинг. Со овој третман се отстранува мртвиот слој на кожата со што се овозможува влакната полесно да излезат на површината. Како најдобри производи кои се користат за изработка на домашни пилинзи е белиот шеќер. Во комбинација со неколку природни состојки тој и помага на кожата да ја задржи хидратацијата, ги отстранува сите нечистотии и мртви клетки, ја прави мека и нежна вашата кожа. Кокосовото масло ја навлажнува кожата, ја негува длабински и го намалува ризикот од појавата на стрии на кожата.

Состојки:

  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2 лажици мед
  • ½ чаша шеќер.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете хомогена смеса. Добиениот пилинг за тело ставете го во помала стаклена тегла. Затворете ја добро теглата со капак и чувајте ја на ладно и темно место.
  2. Пилингот можете да го користите за раце, лакти, колена, стапала како и за останатите делови од телото. Користете го еднаш до 2 пати неделно. Нанесете го на влажна кожа и нежно масирајте со кружни движења неколку минути. Исплакнете го со млака вода, избришете ја кожата и нанесете хидратантен крем.

Ви предлагаме да прочитате: Природен домашен пилинг против акни и мозолчиња.

Сподели: