Се соочувате со црнки и чувствувате дека тоа ви прави притисок терајќи ве да се запрашате како да се ослободите од нив? Преземете чекор, започнете и редовно одржувајте го лицето со домашна нега.
Пробајте го овој ефективен пилинг со сода и сол кои ќе го исчистат вашето лице, а павлаката/јогуртот и овесот ќе го нахранат и ќе овозможат кожата да биде чиста, мазна и нежна. Состојките ги имате секојдневно во кујната, а трикот и умешноста како да ги искористите, може да ги прочитате сега.
Состојки:
Прво чистење:
- 1/2 лажичка сода
- 1/4 лажичка сол
- 1 лажичка павлака, јогурт или кефир.
Второ чистење:
- 1 лажица овесни снегулки
- 1/2 лажичка сода
- малку павлака, јогурт или кефир, за да ги соедини состојките.
Подготовка:
- Лицето треба да биде чисто и суво, па се прави првото чистење. Се мешаат содата. солта и павлаката/јогуртот (а може да замените со една лажица кефир).
- Смесата употребете ја како пилинг, така што убаво ќе го измасирате лицето со кружни движења, а посебно посветете внимание на проблематичните делови каде што најчесто се појавуваат црнки, а тоа се челото, носот и брадата.
- Измијте го лицето со вода.
- Потоа, измешајте ја лажицата овесни снегулки, содата и малку од павлаката, јогуртот или кефирот, во количина колку да се формира смеса.
- Повторете го чистењето со масирање на лицето, со посебно внимание на критичните места со црнки.
Овој метод на чистење ќе ви помогне да ги отстранете површинските црнки, а се употребува толку често колку што е потребно за вашето лице и тоа секој може да го препознае индивидуално за себе.
Ви препорачуваме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!