Она што треба да го знае секој од нас е дека сеуште можеме да уживаме во свежина во текот на денот без да употребуваме фабрички антиперспирант. Бидејќи сите ние секојдневно користиме антиперспиранти и дезодоранси како средства за хигиена и поради козметички потреби, треба да сме добро информирани за листата со состојки која се наоѓа во нив и сеуште е загрижувачки долга.
Па, иако секаде можеме да најдеме антиперспиранти кои не ги содржат штетните парабени и алуминиум (состојки кои се потенцијални причини за рак на дојка), ви предлагаме рецепт за домашно подготвен природен антиперспирант.

Состојки:
- 200 гр сода бикарбона
- 16 гр скроб
- 35 гр кокосово масло
- неколку капки етерично масло од лаванда по желба.
Подготовка:
- Во мал сад измешајте ги содата бикарбона и скробот, а потоа додадете го кокосовото масло.
- Мешајте се додека смесата убаво се изедначи и стане кремаста.
- Добиената смеса ставете ја во пластични чинии (може да се обликува во хартиени калапи за мафини), а потоа ставете ги во фрижидер и чекајте да се стврднат.
- Кога смесата ќе биде стврдната извадете ја од калапите и веќе го имате антиперспирантот.
Добиениот природен антиперспирант може да го чувате во херметички затворен сад во фрижидер за ја задржи својата цврста конзистенција. Делува исто како било каков купен дезодоранс и не остава траги на облеката, а ако го подготвите по погоре предложените мерки оваа количина би била доволна за месец дена, а можеби и повеќе.