Дали ви се досади од малата количина, а скапата цена на купечкиот раствор за плакнење на устата? Растворите за плакнење на устата кои содржат алкохол ви прават иритации и ја оставаат усната шуплина сува?
Сега тоа е минато. Во оваа содржина ќе ви кажеме како може да си направите домашен антибактериски и антифугален раствор за плакнење на устата со неколку состојки.
Постојат повеќе причини за да се одлучите и да направте домашен раствор за уста. Тој е евтин и не содржи штетни хемикалии како вештачки бои, конзерванси и засладувачи. Покрај тоа не содржи алкохол кој многу често го има во купечките раствори. А што најважно, вие ги избирате состојките со најдобар квалитет, па знаете дека тоа е вистинското решение за вашите потреби.

Состојки:
- ½ чаша филтрирана или дестилирана вода
- 2 мали лажички сода бикарбона
- 2 капки есенцијално масло од чајно дрво
- 2 капки есенцијално масло од нане.
Подготовка и употреба:
- Во стаклена мала тегла ставете ја водата. Потоа додајте ги двете лажички сода бикарбона. Содата бикарбона е позната по своето корисно дејство во борба со кандида на јазикот и непријатните бели наслаги.
- Со помош на капалка додајте по две капки есенцијално масло од чајно дрво и нане, кои ќе му дадат свежина на растворот. Освен тоа, овие масла имаат и антибактериско дејство, па се борат со штетните бактерии во устата кои предизвикуваат лош здив.
- Теглата затворете ја со капак и чувајте ја на ладно место.
- Пред употреба на растворот, добро измешајте. Земете две до три мали лажички и исплакнете ја устата за време од минута до две. Потоа, растворот плукнете го. Како и со секој раствор за уста, внимавајте да не го голтнете додека правите гаргара.
Ви предлагаме да прочитате: Природен раствор за отстранување на забен камен.