Домашен спреј против комарци 1

Домашен хидратантен спреј против комарци

Доколку не сте поборник за купување на спреј против комарци кој може да содржи бројни вештачки состојки, заштитата за вас и за вашето семејство направете ја сами. Направете си домашен спреј против комарци од потполно природни состојки!

Ви претставуваме рецепт за овој спреј кој е готов за многу кратко време. Убаво мириса и не и штети на кожата, а што е најважно навистина делува успешно.

Домашен спреј против комарци 2

Состојки:

  • 30 капки есенцијално масло од чајно дрво
  • 10 капки есенцијално масло од здравец
  • 5 до 10 капки есенцијално масло од лимон, лимонова трева, рузмарин или лаванда
  • 1 лажица глицеринска маст (по желба)
  • дестилирана вода
  • шише со прскалка (максимум 200 мл).

Подготовка и употреба:

  1. Со топла вода убаво измијте го шишето со прскалка.
  2. Во него, ставете ги етеричните масла од чајното дрво, здравец и другите масла.
  3. Додадете го глицеринот и наполнете го шишето со вода скоро до врвот.
  4. Протресете го шишето и добро промешајте ги состојките пред употреба.
  5. Спрејот ставете го во вашата чанта и прскајте ја кожата на телото секогаш кога ќе имате потреба.

Совет плус:

  • Наместо есенцијално масло, можете да го користите и маслото од лимон или еукалиптус.
  • Глицеринот ја храни и ја заштитува кожата од иритација, но ако не го сакате, отстранете го од состојките за подготовка.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 домашни начини да се справите со комарци и инсекти.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: