Дали знаете што е тоа хиперпигментација? Тоа е пореметување на организмот при кое се јавуваат темни дамки на кожата кои настануваат поради насобирање на поголема количина на меланин, кој е одговорен за тенот на кожата. Пробајте да се ослободите од непријатностите со овој домашен третман против пеги, дамки и хиперпигментација.
Пореметувањето на пигментацијата на кожата настанува поради подолготрајно изложување на сонцето, а под дејство на УВ зраците може да настанете привремено или трајно пигментирање. Исто така, промени може да се јават поради одредени заболувања, бременост или повреди и слично. Ваквите дамки може да се јават на било кој дел од телото, а најзастапени се на лицето или рацете. Поради тоа ви припремивме рецепт за домашно лечење на хиперпигментација во домашни услови. Станува збор за прилично едноставно и делотворно средство кое е базирано на основните принципи на древната индиска медицина.

Еве што ви е потребно:
- 1 лажица куркума во прав
- 1 лажица цеден сок од лимон.
Подготовка и начин на користење:
- Во чист сад добро измешајте ги состојките и ставајте ги на зафатените места.
- Почекајте 15 минути додека смесата се исуши потполно.
- Измијте ја маската со млака вода, а по правењето на овој третман најдобро е да не се изложувате на сонце, бидејќи не се препорачува. Ваквиот лековит домашен третман против пеги, дамки и хиперпигментација се препорачува да го користите 2 пати неделно додека не видите добри резултати.
Лимонот ќе ја исчисти кожата и ќе и даде сјај, а куркумата ќе ја осветли и ќе делува против воспалително. Важно е да напоменеме дека ако имате премногу чувствителна или многу сува кожа, заменете го лимоновиот сок со млеко или разблажете го со малку вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Спасете се од старечки пеги со природни третмани.