Сега можете да ја одржите хигиената во бањата и тоалетот на малку поинаков, но подеднакво ефективен начин. Пробајте ги нашите домашни средства за чистење и ќе се уверите во резултатот.
Користењето на природните производи за чистење како што се сода бикарбоната и киселината, овозможува помала веројатност за надразнување на кожата и појава на алергии, во споредба со купечките средства кои содржат голем број хемиски состојки. Притоа, не се загадува животната средина, а и финансиски се поевтини. Овие средства се наменети за чистење на секој дел од бањата, па дури и за чистење на тоалетот. Еве кои домашни средства ви предлагаме да ги направите:
Средство за чистење на тоалетот
Состојки:
- 250 грама сода бикарбона
- 120 мл течен сапун
- 120 мл на вода
- 30 мл алкохолен оцет.
Подготовка:
- Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги.
- Во шише со распрскувач ставете го средството, а пред секоја употреба добро протресете.
- Нанесете на површината, оставете да делува 5 до 10 минути, избришете со крпа, а потоа исплакнете со чиста вода.

Средство за чистење на WC школката
Состојки:
- 2 до 3 парчиња боракс
- сок од 1 лимон.
Подготовка:
- Измешајте ги состојките за да добиете смеса во вид на паста.
- Пастата нанесете ја на дамките и на рабовите во WC школката.
- По два часа школката избришете ја со четката и исплакнете.