Од дамнешните времиња е познато дека пареата помага за отворање на порите, ја омекнува кожата и ја зголемува циркулацијата, а со тоа овозможува полесно продирање на разните серуми и хидратантни кремови. Иако професионалното третирање на лицето нема споредба, понекогаш може да пробате и да си направите домашно парење на лице со само неколку состојки, а со користење на маска, може да постигнете многу сличен ефект.
Овој домашен третман е посебно корисен за кожа која е мрсна и на која често се појавуваат акни. Ако вашата кожа е склона на акни, внимавајте на храната која ја внесувате. Таа може да предизвика акни или пак да ја подобри нивната состојба, па еве кои 8 намирници се препорачуваат како помош против акни.

Состојки:
- 300-500 мл вода
- 3 капки етерично масло од чајно дрво
- неколку листови свеж босилек.
Подготовка и начин на примена на домашно парење на лице против акни:
- Водата ставете ја да зоврие, а потоа во неа додајте го етеричното масло од чајно дрво и листовите босилек.
- Течноста турете ја во стаклен или керамички сад, измешајте ја и оставете ја врз рамна површина.
- Со помош на крпа покријте ги рамената, а лицето држете го над пареата на висина од 25-30 см.
- По 5-10 минути од третманот со пареа, додека кожата е сеуште влажна, на лицето нанесете маска која е богата со минерали и растителни екстракти. Со помош на маската ќе добиете уникатен пилинг ефект кој дава моќни резултати на детоксикација, пречистување и осветлување на кожата. Брзо се суши, создавајќи цврста форма која ги апсорбира нечистотиите и темелно ги чисти порите, нежно отстранувајќи ги митисерите, акните и вишокот масленост на површината на кожата. Ефикасно и подеднакво добро се бори со црнките и лојните жлезди. Совршено тонизира, хидратира, ја затегнува кожата и ја прави мека и сјајна.
Ви предлагаме да прочитате: Направете домашно масло од нане – лек за акни.