Во една прилика спомнавме за придобивките и вредноста на егзотичното овошје киви, кое има посебно освежителен вкус и уникатен изглед. Неговите својства овозможуваат да се јаде свежо и да се користи во голем број десерти. Сега, од кујнската ризница на Весна, на која срдечно и се заблагодаруваме за нејзиниот испробан рецепт за домашно слатко од киви, а кој го споделува со сите нас, ќе можеме да уживаме во ова прекрасно овошје на нов и елегантен начин.
Кивите се декоративни и со долга листа на корисни хранливи материи и многу здравствени придобивки. ова овошје потекнува од Кина, поради што во светот до 1960 година е познато како Кинеско цариградско гроздесто овошје. И покрај тоа, повеќето луѓе го поврзуваат ова овошје со Нов Зеланд, местото каде кивито е донесено во почетокот на 1900-тата година. Од тогаш е започната историјата на одгледување и денес Нов Зеланд е познат како водечки производител на киви во светот. Името потекнува од кафеавата птица која не лета, наречена „Киви“ и која е карактеристична за Нов Зеланд, а нејзината форма на телото потсетува на формата на ова кожено овошје. Ви предложуваме да прочитате повеќе за нивната здравствена корист која уште повеќе ќе ве мотивира да ги јадете што почесто.

Рецепт за домашно слатко од киви
Состојки:
Подготовка:
- Во сад на оган ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да се варат додека се направи густ шербет.
- Кивите измијте ги, излупете ги и исечете ги на парчиња, па додајте ги во садот со шербетот и варете околу 45 минути. Најдобро е да користите мали и тврди киви, а ако се поголеми ќе треба да ги исечете на повеќе парчиња.
- Готовото домашно слатко од киви се покрива со влажна крпа и се остава да преноќи, а наредниот ден се става во тегли.
Рецептот го испратил: Весна Рор.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашно слатко од лубеница.