домашно слатко од лубеница

Домашно слатко од лубеница

Лубеницата е овошје кое овозможува исклучително голема свежина и чувство на сочност во устата, поради што наидува на многу позитивни реакции и посакување од сите нас. Овој пат, благодарение на Весна ви предлагаме еден малку поинаков начин за дегустација, а тоа е во вид на домашно слатко од лубеница. Вреди да се проба, затоа што вака лубеницата може да се искористи потполно заедно со нејзината кора.

домашно слатко од лубеница

Состојки:

  • една лубеница
  • шеќер во зависност од тежината на лубеницата (за 1 кг лубеница се користи 1 кг шеќер)
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • кришки лимон.

Подготовка:

  1. Најпрво исечете ја лубеницата на поголеми парчиња и отстранете ја надворешната кора, а исто така и црвениот дел кој можете да го изедете. Оставете само тенок слој од црвениот дел.
  2. Потоа исечете парчиња од кои ќе вадите по желба, помали парченца и во форма по желба.
  3. Парчињата ставете ги да се варат кратко низ 5 до 6 води. Ставете ги во ладна вода, а откако ќе биде постигната температура на вриење, оставете ги така да вријат околу 5 минути.
  4. Потоа сменете ја водата (постапката повторете ја 5 до 6 пати, ставајте ги парчињата лубеница во ладна вода, нека вријат 5 миниту, па повторно во ладна вода).
  5. Потоа, веднаш подгответе го шеќерот за шербетот, а ќе измерите така што на секој килограм лубеница ќе ставите килограм ш шеќер и малку вода. Лубеницата измерете ја пред да ги варите парчињата за слатко, бидејќи по варењето, количината ќе се намали.
  6. Кога ќе зоврие шербетот, додадете ги и парчињата за заедно да се варат. Треба да се варат на силен оган, без мешање.
  7. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња, значи домашното слатко од лубеница е готово. Додадете ги ќесичките ванилин шеќер и кришките лимон, па покријте го садот со влажна платнена салфета. Наредниот ден ставете го слаткото во теглички.

Домашното слатко од лубеница е прекрасно, прозрачно, со преубав вкус. Добар апетит!

Рецептот го испратил: Весна Рохр

Сподели: