Тробоен куглоф колач

Тробоен куглоф колач

Да не ги заборавиме старите и највкусните рецепти. Овој тробоен куглоф колач не само што е вкусен и лесен за подготовка, има и убав декоративен изглед. Одличен предлог за десерт во кој ќе ужива целото семејство! – вели нашата пријателка Ана (baked_with_love_by_ana).

Па, драги пријатели направете го овој тробоен куглоф колач и уживајте во вкусот!

Може да ве интересира и: Едноставен шарен куглоф.

Тробоен куглоф колач

Состојки:

  • 7 јајца (шест се делат белките од жолчките)
  • 12 лажици шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао.

За наросување:

  • шеќер во прав.

Подготовка:

  1. За првиот слој: Со миксер измате 6 жолчки и едното јајце. Додајте 6 лажици шеќер, 6 лажици млеко, 6 лажици масло, 6 лажици брашно и прашокот за печиво. Измешајте за состојките да се изедначат. Смесата поделете ја на два еднакви делови. Едната половина прелијте ја во калапот за куглоф, претходно премачкан со путер или масло. Ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.
  2. За вториот слој: Во другата половина од смесата, додајте какао и убаво измешајте. Прелијте го врз првиот слој во калапот и вратете го во рерна. Печете 10 минути на 150 степени.
  3. За третиот слој: Во садот со белките додајте 6 лажици шеќер и изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Потоа, ставете 6 лажици масло и 6 лажици брашно. (Во овој слој нема млеко и прашак за печиво). Добро измешајте, па смесата прелите ја врз кафеавиот (вториот) слој. Печете 30 минути на 120 степени.
  4. Откако колачот ќе се испечи оставете го 10-15 минути да се излади, а потоа внимателно извадете го од калапот.
  5. Врз колачот наросете шеќер во прав и послужете. На здравје!

Автор на рецептот: Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana).

Ви препорачуваме да прочитате: Колач со портокал – без брашно и шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: