мраморен куглоф со портокал

Мраморен куглоф со портокал

Постојат многу рецепти, но секогаш со задоволство се навраќаме на традиционалните и најубави вкусови од детството. Таков е и овој рецепт за мраморниот, шарен куглоф со портокал. Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо? Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден, или едноставно направи го за викенд засладување. 

Тробоен куглоф колач

Тробоен куглоф колач

„Да не ги заборавиме старите и највкусните рецепти. Овој тробоен куглоф колач не само што е вкусен и лесен за подготовка, има и убав декоративен изглед. Одличен предлог за десерт во кој ќе ужива целото семејство! “ – вели нашата пријателка Ана (baked_with_love_by_ana).

Мраморен колач

Мраморен колач

Колачот во форма на куглоф обично се прави за празници, но всушност е идеален десерт за секој ден. Се подготвува брзо и лесно, па е идеален за сите пригоди. Рецептот за овој мраморен колач го најдовме на блогот на нашата пријателка Андреја, па со задоволство го споделуваме со вас.

куглоф со топло чоколадо

Чоколаден куглоф со чоколадна глазура

Сакате да ги воодушевите гостите со изнвореден десерт, а истовремено да бидете сигурни дека на крајот сѐ ќе излезе како што треба? – Имаме совршен рецепт за вас! Направете им врвно чоколадно искуство, нека пробаат чоколаден куглоф со чоколадна глазура! Богат вкус за превкусни моменти!

Чоколаден куглоф со цимет

Продолжуваме да ги споделуваме најубавите рецепти од македонските блогери на Инстаграм. Овој пат Андреја ни припреми сочен чоколаден куглоф со цимет. Сликата кажува дека вреди да се испроба во првата прилика!

интервју ана н

Готвиме и се дружиме со Ана Наумовска

Драги наши читатели, овој пат разговаравме со Ана Наумовска наша редовна читателка на sezahrana.mk! Секој месец ќе може да ги запознаете и да прочитате по нешто за најактивните љубители на храната на интернет. Ги покануваме да се пријават и ја раскажат својата кулинарска приказна сите активни членки од групата на Сѐ за храна, како и активните и заинтересирани интернет „раскажувачи“ од останатите групи, админите, блогерите и влогерите и интересентите за новини од областа на храната!

куглоф со лимон

Сочен куглоф со лимон

Барате рецепт за сочен и едноставен куглоф? Немате големо искуство за подготовка на десерти, а имате желба да го изненадите семејството со вкусен колач? – Подгответе сочен куглоф со лимон уживајте во вашето утринско кафе или чај.

Празничен куглоф со јаткасти плодови 1

Празничен куглоф со јаткасти плодови

Празничната трпеза не може да ја замислиме без мек, вкусен куглоф кој се топи во уста. А во оваа прилика ви предлагаме супер рецепт за куглоф со јаткасти плодови! Крцкаво на места и декоративно за око! Овој сладок десерт се подготвува брзо, вкусен е и симпатичен, па во целост ќе го надополни Божиќниот ручек. Благодарение на неговиот лесен вкус, претставува совршен десерт за после богат и обилен ручек, а гарантираме дека целото семејство ќе го одобри!

Чоколаден посен куглоф со мармалад 1

Чоколаден посен куглоф со мармалад

Уште првиот пат кога го пробавме, знаевме дека е рецепт кој мора да се запише и ќе биде подготвуван многу често. Во составот на нашиот омилен чоколаден посен куглоф со мармалад има неколку и тоа едноставни состојки кои сите ги имаме во кујната. Од првото правење ќе го погодите, па препорачуваме да го пробате независно од вашето искуство во кујната.

Солен куглоф со зелје и семиња 1

Солен куглоф со зелје и семиња

Обожаватели сме на храната од природата и многу често е на нашето мени во разни варијанти. Во оваа прилика ви предлагаме солен куглоф со зелје и семиња, со нежен вкус и прилагоден на сите генерации, а составот е без глутен што е одлична вест за многумина. Подготовката не може да биде поедноставна , без миксер, брза и лесна!

3 трикови за да направите совршен колач во калап за куглоф 1

3 трикови за да направите совршен колач во калап за куглоф

Нема човек кој може да му одолее на примамливиот изглед на популарниот колач  куглоф. Но, ретко кој може да го погоди во печењето. Често останува или недопечен или препечен, а неретко се лепи за калапот и се распаѓа при вадењето. Затоа, многу домаќинки се откажуваат од неговото правење и се задоволуваат со купечките кои не се толку вкусни и сочни како домашните. Ви претставуваме неколку совети со кои секогаш ќе испечете совршен колач во калап за куглоф!

Сочен куглоф со тиква и портокали

Ова е време на тиквите! Па, затоа ви ги предлагаме највкусните домашни и испробани рецепти со тиква. Овој пат ви нудиме малку поразличен куглоф со тиква, кој е прелиен со свежо цеден сок од портокали и лимон.