Чоколаден посен куглоф со мармалад 1

Чоколаден посен куглоф со мармалад

Уште првиот пат кога го пробавме, знаевме дека е рецепт кој мора да се запише и ќе биде подготвуван многу често. Во составот на нашиот омилен чоколаден посен куглоф со мармалад има неколку и тоа едноставни состојки кои сите ги имаме во кујната. Од првото правење ќе го погодите, па препорачуваме да го пробате независно од вашето искуство во кујната.

Декоративен е и привлечен за сите генерации, а еве што користевме и како го направивме.

Чоколаден посен куглоф со мармалад 2

Состојки:

За припрема на калап:

  • масло и брашно по потреба или маргарин по потреба.

За декорација:

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат сите суви состојки. Измешајте ги брашното, шеќерот, солта, содата, какаото, лажичката кафе, циметот и ванилиниот шеќер. Состојките се мешааат.
  2. Во садот се додаваат вареното кафе, маслото и ренданата кора од портокал. Добро се меша за да се добие хомогена смеса.
  3. Во садот се додава и мармаладот по избор.
  4. Сместата се става во претходно намрсен калап за куглоф – со масло и брашно кое добро треба да го протресите за да излезе вишокот или пак калапот да го премачкате со маргарин, што ви е полесна и сигурна опција.
  5. Печете на температура од 200 степени, околу 20-25 минути, па проверете со помош на дрвена чепкалка за да знаете дали е доволно, зависно од вашата рерна. Штом се излади поросете го со шеќер во прав и уживајте во светот на вкусовите. На здравје!
Чоколаден посен куглоф со мармалад 3

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.

*Спонзориран рецепт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: