posen maznik so spanak 1

Брз рецепт за посен мазник од готови кори

Нашата кујна е како ризница на кулинарски идеи. Уживаме кога готвиме, а посебно ни е интересно и сакаме да смислуваме рецепти кои се брзи, лесни и не бараат многу труд. Во зимскиот период, голем број од нас имаат куќни слави, па веруваме дека нашиот испробан рецепт за посен мазник од готови кори и тоа како ќе ви биде корисен.

Пробајте го, за кратко време ќе имате вкусна радост на трпезата. Да уживаме во светот на вкусовите пријатели!

posen maznik so spanak 2

Состојки:

  • 1 пакување посни готови кори

Смеса за попрскување:

  • 1 коцка свеж квасец
  • 200-250 мл млака вода
  • ½ чаша брашно
  • малку сол (количина еднаква на рамно мало лажиче)
  • малку шеќер (количина еднаква на рамно мало лажиче).

Дополнително и за фил:

  • Брилијант масло по потреба на секоја кора
  • околу 400 грама или по потреба чистен спанаќ
  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема смесата за попрскување. Во поголем сад се ставаат квасецот со млаката вода, солта и шеќерот. Се остава околу 10-15 минути на собна температура да нарасне.
  2. Во меѓувреме, исчистете го, измијте го и исечкајте го спанаќот. Сечкајте го на средно крупни парчиња, без претерано притискање за да ја зачува својата свежина и сочност.
  3. Припремете го плехот или тавата во која ќе ги печете, така што ќе го обложите со хартија за печење.
  4. На работна маса се припремете ги корите. Внимателно отворете ги за да не се искршат.
  5. Прво се зема една кора, се раширува и се попрскува со Брилијант масло по целата површина.
  6. Врз неа се става уште една кора и исто така се попрскува со маслото по целата површина.
  7. Потоа, со помош на лажиче, површината на горната кора се попрскува со смесата со квасецот и водата.
  8. На крај, по целата должина се нанесува од сечканиот спанаќ и со помош на двете раце, се превртува крајот на кората и се витка во ролна. Количината која се става на една кора, препорачливо е да биде барем колку еден грст, а по желба и повеќе. Во овој чекор треба да внимавате да не ја притиснете кората премногу и да оставите доволно „празен простор“ во неа, за да може убаво да се испечи и да има добар изглед.
  9. Постапката се повторува со сите кори, додека се потрошат.
  10. Кога тавата/плехот е полн, со помош на кујнска четка, готовите ролни се премачкуваат со тенок слој на Брилијант масло и се посипуваат со сусам по желба.
  11. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 20-30 минути, или додека мазникот добие убава црвенкаста боја.

Имајте среќни празници со светот на вкусовите на Витаминка, на здравје!

posen maznik so spanak 3

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави зачинети прстени од похуван кромид.

*Комерцијален рецепт

Сподели: