Не сте сигурни дека можете и дома да ги направите неодоливо вкусни и крцкави како во рестораните и мезе баровите? Ние сме тука да ви помогнеме! Време е за најдобрите крцкави и зачинети прстени од похуван кромид! Да замезиме со мерак и да наздравиме за убави нешта!
Овој рецепт го правиме често и си уживаме со друштвото, а посебно го обожаваме новиот шмек кој го доловивме благодарение на зачините од светот на вкусовите на Витаминка! Подготовката е лесна. Секое залче кое ќе го замезите ќе ви отвори ново ниво на дегустативно уживање за сите сетила. Крцкавоста на површината, мекоста на средишниот дел и чаша добар пијалак, гарантирано ќе ве опуштат и ќе овозможат моменти вредни за паметење.

Состојки:
- 3 поголеми главици кромид
- 200 мл млеко
- 1 јајце
- 4 до 5 лажици брашно
- 50 грама лебни трошки
- 50 грама палента
- ½ лажичка мелен црн пипер од Витаминка
- ½ лажичка лук во прав
- 1 лажичка мешан зачин Дафинка
- сол по вкус.
За прилог:
- ½ чаша благ кечап или пикантно лук кечап од Витаминка, по ваш избор.
Подготовка:
- Кромидот прво исчистете го, па измијте го и исушете го.
- Секоја главица кромид пресечете ја на кругови со дебелина од околу 6 до 7 милиметри и од секој круг извадете по 2-3 прстени.
- Млекото ставете го во подлабок сад во кој потоа ќе ги додадете претходно припремените прстени од кромид. Најдобро е да бидат потопени и да стојат околу 15 минути.
- Во сад ставете го брашното.
- Во друг подлабок сад ставете ги останатите суви состојки, лебните трошки, палентата, мелениот црн пипер и мешаниот зачин од Витаминка и лукот во прав, па добро измешајте ги.
- Со помош на виљушка, изматете го јајцето со малку сол во одделна чинија.
- Потоа, секој прстен од кромид извалкајте го во садот со брашното, па потопете го во изматеното јајце и на крај извалкајте ги во смесата од лебни трошки, палента и зачини.
- Во тава на оган, на средна температура ставете масло да се загрее. Така припремените прстени од кромид, пржете ги во тавата со загреано масло, од секоја страна по 2-3 минути. Потоа, извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. За најдобар вкус послужете ги додека се топли и сервирајте ги со прилог од благ кечап или пикантно лук кечап од Витаминка. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.
*Комерцијален рецепт.