Кој обожава гибаница? Гибаницата е традиционален балкански специјалитет кој се приготвува со кори и фил од изварка и јајца. Го споделувам најлесниот и најбрзиот рецепт за гибаница!
Ако сакате да направите пита, а не сакате да тегнете или сукате тесто, нашата пријателка Емилија има одличен рецепт. Вртена пита со готови кори, совршена за подготовка кога ви се најавиле гости или едноставно кога сакате да направите нешто брзо за ручек или вечера. Послужете ја со чаша јогурт и уживајте во вкусот.
Дали сте љубител на било какви печива? Сакате да си приготвите а немате многу време? – Имаме интересен рецепт за млечник кој е малку поразличен од класичните рецепти за мазничиња или пити и се прави со готови кори. Совршен е за подготовка кога ви се најавиле гости или едноставно кога сакате што побрзо да извадите нешто од рерната.
Мојата кујна е како ризница на кулинарски идеи. Уживам кога готвам, а посебно ми е интересно и сакам да смислувам рецепти кои се брзи, лесни и не бараат многу труд. Во зимскиот период, голем број од нас имаат куќни слави, па верувам дека овој испробан рецепт за посен мазник од готови кори и тоа како ќе ви биде корисен. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на нашиот сајт.