ролан бурек со готови кори 1

Ролан бурек со готови кори

Малку поразличен бурек со готови кори, со примамлив изглед и одличен вкус! Може да го сретнете и како цигара бурек, а претставува лесно изведлив и декоративен специјалитет од готови кори со фил, кој ние ќе ви го објасниме на едноставен начин, во само неколку чекори.

Сите обожаваат бурек, а ретко кој сака да меси и да тегни кори. Па затоа сме во потрага по лесни рецепти кои ќе ни го доловат вкусот на бурек, а ќе може секој за кратко време да ги направи. Така и овој пат, ви предлагаме рецепт за ролан бурек со готови кори и фил по ваша желба.

ролан бурек со готови кори

Состојки:

  • 1 паковање готови кори
  • фил по желба (предлози од нас: мешана смеса од сирење и спанаќ/блитва, а може и јајце, пица фил, запржено мелено месо со кромид…)
  • 1 матено јајце
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Во посебен сад добро изматете го јајцето со виљушка. Тоа ќе ви биде потребно подоцна за да ги залепите краевите на роланиот бурек.
  2. Правоаголната кора пресечете ја дијагонално, така да добиете два триаголници.
  3. Врз секој од триаголниците, на крајот ставете од приготвениот фил и завиткајте ролна. Пред да ја довиткате ролната, на крајот нанесете од изматеното јајце за да може полесно да се залепи.
  4. Готовите ролни ставете ги една по една во посебен сад.
  5. Во тенџере на оган или длабока тава ставете поголема количина на масло да се загрее. Во загреаното масло пржете ги ролните додека добијат убава румена боја. Пржените ролни вадете ги врз кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли во комбинација со јогурт или свежа зелена салата.

За поздрава варијанта, ви предлагаме наместо со пржење, роланиот бурек со готови кори да го направите со печење во заграена рерна. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен бурек со готови кори. 

Сподели: