Домашно средство за отстранување на дамки од алишта и ткаенини

Домашно средство за отстранување на дамки од алишта и ткаенини

Купечките отстранувачи на дамки од алиштата понекогаш може да предизвикаат иритации и црвенила на кожата, како резултат на состојките кои ги содржат. Доволно е само да ја прочитате нивната декларација и се ќе ви стане јасно. Па, поради тоа  кај многу лица може да се јави алергиска реакција на ваквите средства. Како би реагирале ако ви кажеме дека може сами да си подготвите домашно и ефикасно средство за отстранување на дамки од алишта?

За таа цел решивме да побараме идеи за вакво средство кое ќе може да се направи дома, а притоа ќе биде ефикасно како и купечките. Во продолжение прочитајте ја постапката за подготовка на домашното средство за отстранување на дамки од алиштата и ткаенините.

Домашно средство за отстранување на дамки од алишта

Домашно средство за отстранување на дамки од алишта и ткаенини

Состојки:

  • 1½ чаша вода
  • ¼ чаша течен сапун
  • ¼ чаша глицерин
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 10-15 капки етерично масло по желба.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Водата, течниот сапун, глицеринот, содата бикарбона и етеричното масло измешајте ги додека добиете хомогена смеса.
  2. Вака подготвеното средство ставете го во шише со прскалка.
  3. Средството испрскајте го на дамката и оставете го да делува 10-30 минути.
  4. Потоа исперете ги алиштата или ткаенината на стандарден начин.

Совет плус: Природните средства се подеднакво функционални како и купечките само им е потребно малку повеќе време за да го постигнат истиот ефект.

Ви препорачуваме да прочитате: Со природни намирници до чисти и бели алишта.

Сподели: