Секоја жена треба да знае дека здравјето е од клучна важност за квалитетот на животот. А, уште поважно е да знае како да го одржува и подобрува со текот на годините. На темата женско здравје добивме повеќе прашања од наши читателки, па поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која со задоволство одговори на нивните прашања.
За подобро женско здравје меѓу другото, потребно е труд, здрава храна, физичка активност, редовни посети на лекар и правилна хидратација. Од големо значење е и правилната едукација на жената за нејзиното здравје, како и тоа што се препорачува да се избегнува, а што влијае поволно.

Како влијае алкохолот?
Консумирањето на поголеми количини на алкохол може да биде опасно по женското здравје. Алкохолот, ако се зема во преголеми дози го зголемува ризикот од рак на дојка и остеопороза. Жените се поосетливи на алкохол од мажите што ги прави поподложи на болести на црниот дроб и оштетувања на мозокот.
Што може да предизвика бубрежни камења и како да се третираат?
Една од 20 жени помеѓу 50 и 60 години страда од камен во бубрег. Најчеста причина е недоволниот внес на течности и високопротеинската исхрана. Предизвикуваат болки, а во најголем број од случаите се излачуваат преку организмот. Денес често се користи кршење на камењата со ултразвук или ласер, секако доколку другите начини не се од помош. Ако се соочувате со овој проблем, прочитајте ги препораките на нутриционистите.
Магнезиум цитратот помага во растворање на помалите бубрежни камења. Кај нас достапен е магнезиум цитратот на NOW. Ако имате камчиња или песок во бубрезите консултирајте се со вашиот доктор, па по препорака набавете го и надминете го непријатниот проблем. Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната и е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Вклучен е во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини, како и производство на енергија. Претставува и поддршка на нервниот систем. Магнезиумот се апсорбира во цревата, а излачувањето се одвива преку бубрезите.
Наша препорака е магнезиумот на NOW кој има бројни придобивки:
- намалување на заморот и исцрпеноста
- електролитна рамнотежа
- нормално функционирање на нервниот систем
- нормална мускулна функција
- нормална синтеза на протеини
- нормална ментална функција
- одржување на здрави коски
- одржување на здрави заби.
Зошто на жените им е потребен цинк?
Цинкот е важен елемент за подобро женско здравје. Потребен е за нормална функција на имуниот систем, производство на инсулин и регулација на хормоните. Учествува во апсорпцијата на калциум, па така е и важен за коските. Стресот, пушењето, неправилната исхрана и алкохолот може да го намалат нивото на цинк во организмот. Цинкот го штити организмот од оксидативни процеси и очни болести. Затоа е важно да се внесуваат доволни количини на цинк, а тоа значи внес на храна богата со цинк или како суплемент. Ако се одлучите да земате цинк во вид на додаток на исхраната, пробајте го L-OptiZinc®
L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк. L-OptiZinc® е zinc mono-L-methionin со супериорна апсорпција, задржување и антиоксидативни и заштитни својства на клетките во споредба со другите форми на цинк. L-OptiZinc® е 1:1 комплекс на цинк и метионин.
Предности на L-OptiZinc:
- супериорна апсорпција и задржување
- супериорни антиоксидативни својства
- супериорна клеточна заштита
- здрав вид и нормална когнитивна функција
- здрава кожа, коса и нокти.

Повеќе за производите на Тримекс може да прочитате на нивната онлајн продавница од каде може да ги нарачате со бесплатна достава. Додатоците на исхраната ги има и во повеќето аптеки низ земјава.
Доколку имате некои прашања, ви стоиме на располагање. Пишете ни на e-mail: info@sezahrana.mk, а ние ќе ја контактираме Д-р Нела Деспотовска.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Како полесно да се помине низ менопауза?.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.