менопауза 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Како полесно да се помине низ менопауза?

Секоја жена мора да помине низ периодот на менопауза. Едноставно, таа е неизбежен дел од животот. Не е лесно да се поднеси менопаузата и сите проблеми и промени кои настануваат во тој период. Добрата вест е дека со помош на здрава исхрана, физичка активност и квалитетен начин на живот, може да се преброди менопаузата. На таа тема разговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објасни како една жена може полесно да помине низ еден од потешките периоди од животот.

Менопаузата не е баш омилен период од животот на жената. Со себе носи бројни проблеми како несоница, депресија, чувствителност и надразливост, намалено либидо и периоди на жештина. Менопаузата доведува до нерамнотежа на хормоните и го зголемува ризикот од остеопороза и кардиоваскуларни болести. Главно обележје во периодот на менопауза е намалување на нивото на естроген. Затоа е важно да се внесува храна која е богата со фитоестрогени. Фитоестрогените се слични на естрогенот и делуваат како него, па така го надоместуваат недостатокот на овој хормон.

менопауза 2

Физичката активност е од најголема важност

Телесните вежби го зголемуваат нивото на естроген во организмот, значајно го намалуваат ризикот од остеопороза и срцеви болести, придонесуваат за намалување на килограмите, го намалуваат стресот и помагаат при несоница. Дури и ако не сте во форма, никогаш не е доцна да започнете да вежбате. Уживајте во одењето, возењето велосипед, работата во градината, пливањето, кардио вежбите и танцот со вашиот партнер.

Храна која им се препорачува на жените во менопауза

Многу намирници содржат природни фитоестрогени кои и тоа како можат да помогнат во регулирање на естрогенот. Во менопауза на жените им се препорачува да консумираат:

  • соја и соини производи
  • семки (лен, сусам, сончоглед)
  • житарици
  • јаткасти плодови
  • лук
  • црвен кромид
  • лубеница
  • морков
  • аспарагус
  • цреша
  • калинка.

Жен шен во улога на подмладувач на организмот

Жен шен е древна билка чиј единствен состав помага при многу здравствени проблеми, вклучувајќи ги и тегобите кои настануваат во менопауза. Се препорачува при умор и недостаток на енергија, проблеми со помнењето и недостаток на сон. Исто така, жен шенот е јак афродизијак, тоник и подмладувач на организмот.

Мака за регулација на хормоните

Уште од дамнешни времиња, маката се користи за зголемување на енергијата и издржливоста, регулација на хормоните и подобрување на либидото. Ја подобрува работата на ендокриниот систем кој е одговорен за работата на хормоните. На тој начин, маката воспоставува хормонска рамнотежа во организмот. Научниците маката ја ставаат во групата на адаптогени – средства за подобро прилагодување на организмот.

Коренот од мака содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, алкалоиди, макро и микро хранливи материи, јаглехидрати, протеини, влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танин, натриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум. Придонесува за целокупната благосостојба на организмот и е еден од додатоците во исхраната кој се користи од страна на многу врвни спортисти.

Бидејќи кај нас не може да се најде оваа билка во природна форма, ние ви ја препорачуваме MACA од NOW, производ кој во својот состав содржи корен од мака. Производот е погоден за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО.

Може да ве интересира:

Мака Тримекс

Коприва – чудесна билка која помага при бројни здравствени проблеми

Копривата е одличен извор на калциум, магнезиум, хлорофил, хром и други нутриенти важни за жените во менопауза. Го потпомага ендокриниот систем и така ја нормализира работата на хормоните, го подобрува здравјето на коските, кардиоваскуларниот систем и бубрезите. Копривата има улога и во регулирање на нивото на шеќер во крвта, дава енергија и виталност. Може да се користи во салати или од неа да се прави сок, смути, чај и друго.

Намалете го стресот во менопауза со помош на ашваганда

Ашвагандата е билка со широк спектар на делување. Има позитивно влијание на дигестивниот, кардиоваскуларниот, респираторниот, нервниот и репродуктивниот систем. Го намалува стресот, го јакне имунитетот и го подмладува организмот. Се смета дека ашвагандата може да помогне и во намалување на проблемите во менопауза. И оваа билка поволно делува на регулирање на хормоните. За максимално искористување на придобивките, топло ви ја препорачуваме Ashwagandha од NOW. Ashwagandha-та од NOW не содржи ГМО, произведена е според Кошер и е прилагодена за вегани и вегетаријанци. Повеќе за придобивките од оваа моќна билка прочитајте на линкот: Ашваганда за поздрав организам и намалување на стресот.

Кога станува збор за проверени и испробани додатоци во исхраната, наш прв избор е палетата на Тримекс. Нивните производи може да ги најдете на онлајн продавницата и од таму да ги нарачате со бесплатна достава. Исто така, производите на Тримекс ги има и во повеќето аптеки низ земјата.

Доколку имате некои прашања, ви стоиме на располагање. Пишете ни на e-mail: info@sezahrana.mk, а ние ќе ја контактираме Д-р Нела Деспотовска.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобрите начини и суплементи за контрола на стресот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: