нарушена функција на тироидната жлезда 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 7 знаци на нарушена функција на тироидната жлезда

Имате сува кожа? Ве болат мускулите? Нервозни сте? – Постои можност овие симптоми да се резултат на нарушена функција на тироидната жлезда. Кои сè други знаци укажуваат на овој проблем и како да си помогнете, ќе дознаете од нашиот разговор со Д-р Нела Деспотовска.

Тироидната жлезда може да има големо влијание врз низа на телесни функции. Жените се дури 10 пати поподложни од мажите на нарушување на здравјето на тироидната жлезда, а многу и не знаат дека нешто не е во ред. Кај жените постари од 33 години постојат големи шанси, дури и за 30% поголеми да дојде до неправилна работа на оваа жлезда.

нарушена функција на тироидната жлезда 2

Што е причина за нарушена функција на тироидната жлезда?

Тироидната жлезда ги лачи хормоните тироксин и тиронин кои ги регулираат телесната температура, метаболизмот и работата на срцето. Ако поради некоја причина, нејзината активност се намали или стане премногу активна, велиме дека дошло до неправилна работа на тиродината жлезда. Тие причини може да бидат генетските фактори, автоимуна болест, бременост, стрес, недостаток на хранливи материи или поради токсините од околината.

А, се разбира, телото дава знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред со функцијата на тироидната жлезда. Еве кои се тие:

Исцрпеност

Уморот и недостатокот на енергија често може да бидат симптоми на хипотироидизам – недоволно лачење на хормоните на тироидната жлезда. Ако наутро, и после преспиени 8 часа, се разбудувате уморни, проверете ја нејзината функција – можеби не е доволно активна.

Лошо расположение

Неочекуваното чувство на депресија и нерасположеност може да бидат знаци на хипотироидизам. Зошто? – Се смета дека недоволното производство на хормоните на штитната жлезда влијае на нивото на серотонин, познат како „хормон на среќата“.

Нервоза и анксиозност

Нервозата и анксиозноста се поврзуваат со хипертироидизам, односно абнормално лачење на хормоните. Ако никако не можете да се опуштите и постојано сте напнати, тоа може да биде резултат на нарушена работа – покачено производство на тироидната жлезда.

Зголемен апетит или нарушени вкус и мирис

Зголемениот апетит може да биде резултат на хипертироидизам. Преголемото лачење на хормоните влијае на чувството за глад. Од друга страна, недоволно активната штитна жлезда влијае на чувството на вкус и мирис.

Сува кожа

Кожа која е сува и ве чеша е симптом на хипотироидизам. Промените во изгледот и текстурата на кожата се последици на успорен метаболизам и намалено потење. Без доволна влажност, кожата станува сува. Слично е и со ноктите – тие стануваат кршливи и пукаат.

Нарушена работа на цревата

Жените со хипотироидизам често ги мачи констипација. Пореметувањето во производството на хормони влијае на успорување на варењето на храната. Од друга страна, претераната активност на тироидната жлезда може да предизвика дијареја и често празнење на цревата.

Болки во мускулите и екстремитетите

Неочекувано и изненадно пецкање или вкочанетост на рацете и нозете, дланките или стапалата е уште еден знак на хипотироидизам. Со тек на време, недоволното лачење на хормоните на тироидната жлезда може да ги оштети нервите кои праќаат сигнали од мозокот до целото тело.

Наша препорака:

Подобрете ја функцијата на тироидната жлезда со помош на природен додаток на исхраната. За таа цел, топло ви го препорачуваме Potassium plus Iodine од NOW. Potassium plus Iodine е нов производ достапен кај нашите пријатели Тримекс. Калиум јодид (KI) е соединение кое содржи јод, хранлива состојка неопходна за нормална функција на тироидната жлезда. Јодот, во форма на јодид, е составен дел од тироидните секрети кои го регулираат клеточниот метаболизам и производството на енергија. NOW® Potassium plus Iodine обезбедува и калиум, минерал кој е неопходен за одржување на здрава рамнотежа на вода и електролити, како и pH на целото тело. Potassium plus Iodine претставува исхрана за здрава функција и поддршка на работата на тироидната жлезда. Дополнително, ја поддржува и рамножетата на електролитите. Се препорачува да се зема по 1 таблета дневно Potassium plus Iodine со храна. Производот е наменет за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО.

Potassium plus Iodine е достапен само за онлајн нарачки. Може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна.

potassium iodine

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: L-Tyrosine за подобро расположение, повеќе сила и енергија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: