болки во коленото

Д-р Нела Деспотовска советува: болки во коленото – причини и третман

Непријатните болки во коленото се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат повозрасните, но и помладите лица кои се занимаваат со спорт. Повредите на коленото се честа причина за појава на болка, кои може да се јават и без пад, превиткување или несреќа. А што може да доведе до болки во коленото без повреда? Кои се симптомите и препораките? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс.

Кои се причините кои може да доведат до болки во коленото?

Со болки во колената не се соочуваат само повозрасните лица, туку сѐ почесто се јавуваат и кај помладата популација. Тие може да бидат акутни и остри или пак долготрајни и слаби. Се појавуваат како резултат на повеќе причини меѓу кои:

  • артритис кој може да биде ревматоиден артритис (автоимуна болест која влијае на зглобовите) и остеоартритис (дегенеративен артритис кој се јавува кај повозрасните лица)
  • остеопороза
  • повреди на нозете, ‘рскавицата, лигаментите и тетивите
  • инфекции кои предизвикуваат задршка на вода и оток како што е септичниот артритис
  • гихт
  • некои типови на спортска активност како трчање и повторувачки движења
  • хируршки интервенции
  • недостаток на витамини
  • лоша исхрана
болки во колената

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Кои симптоми се јавуваат пропратно со болката во коленото?

Најчесто покрај болката во коленото се јавуваат и други симптоми, како што се:

  • оток околу коленото
  • непријатност која се влошува при одење или вежбање
  • вкочанетост и намалена способност за движење на коленото, како што е при свиткување и истегнување
  • слабост на ногата
  • црвенило и топлина околу капачето на коленото
  • нестабилност
  • чувство како коленото „излегува“ од ногата при движење
  • невообичаени звуци при движење како крцкање и пукање.

Што може да помогне за намалување на болките во коленото?

Најпрво мора да се открие причината за појавата на болка. Потоа, треба да се пристапи кои третман доколку пациентот има воспаление (кое може да биде предизвикано од автоимуно заболување), а по завршувањето на акутната фаза се препорачуваат вежби за тегнење на коленото, како и одржување на здрава телесна тежина.

Кои анти-воспалителни суплементи може да ни ги препорачате при болки во коленото?

Одредени билки и суплементи може да ви помогнат за намалување на воспалението и да го олеснат закрепнувањето од повреди или други дегенеративни болести. Некои од најдобрите суплементи при болки во колената се: куркума, глукозамаин, колаген, омега-3 масни киселини и serrazimes.

Serrazimes за намалување на болките и отоците на колената

Serrazimes е протеолитички ензим со силно антинфламаторно и антиедематозно дејство. Тој има значајна улога во намалувањето на болката, благодарение на својата способност да го блокира ослободувањето на амините кои предизвикуваат болка во инфламаторното ткиво. Претставува природна алтернатива за нестероидните антиинфламаторни лекови без несакани ефекти. Повеќе информации за Serrazimes, прочитајте на линкот.

болки во коленото

Serrazimes® е протеолитичка мешавина составена од ензими добиени од печурки, Aspergillus oryzae и Aspergillus melleus. Serrazimes капсулите можат да бидат од корист за:

  • Лица кои боледуваат од инфламаторни пореметувања пратени со отоци и болка.
  • Постари лица кои имаат воспаление, болни зглобови и артритис
  • Лица кои патат од чести воспаленија на синусите, увото и носот
  • Спортисти после повреди.

Омега-3 масти кои живот значат

Од додатоците во исхраната кои се достапни кај нас можеме да ги препорачаме Омега-3 од Now Foods. Станува збор за концентрат од природно рибино масло на NOW кој е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи). Тоа е единствена молекуларно дестилирана Омега-3, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. Капсулите може да се најдат во поголемите аптеки низ Македонија или да се порачаат преку онлајн продавницата на Trimeks. За повеќе информации за полезностите, начинот на употреба посетете ја trimeks.com.mk или јавете се на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Што може да помогне при ревматоиден артрит?

*Спонзориран текст.

Сподели: