Д-р Нела советува: исхрана и суплементи при хепатоцелуларен карцином

Хепатоцелуларниот карцином е еден од најчестите видови на примарен рак на црниот дроб. Наша читателка се обрати до нас за помош и совети од Д-р Нела Деспотовска. И овој пат ние и нашата читателка особено се заблагодаруваме до Д-р Нела и целиот тим на Тримекс за одговорот и желбата да помогнат за подобро здравје на сите. Во продолжение прочитајте кои се причините и симптомите при хепатоцелуларен карцином, каква исхрана и кои суплементи се препорачуваат. 

Причини и симптоми при хепатоцелуларен карцином

Причини за хепатоцелуларен карцином на црниот дроб:

  • цироза на црниот дроб
  • присуство на вирусот на хепатитис Б
  • хемохроматоза
  • алкохолна цироза и
  • употребата на храна контаминирана со габични афлатоксини.

Симптомите зависат од стадиумот на болеста, но најчести се губење на апетитот, недостаток на енергија (замор), губење на тежина, болка во горниот десен квадрант, темно обоена мокрача и светла боја на столицата, задршка на течности, отоци на зглобовите, нозете и стомакот, конфузија, дезорентација и промена на личноста а понекогаш и појава на асцит – насобирање на течности во стомакот.

Здравиот начин на живот и исхраната се од исклучително значење

За вакви случаи, здравиот живот е од исклучително значење. Исхраната мора да биде богата со овошје, зеленчук и житарици кои се богати со витамини и минерали. Треба да го ограничите внесот на течности доколку имате асцит. Кај пациенти со асцит забележана е зголемена содржина на натриум во телото и затоа е важно да се ограничи внесот на натриум. Главен извор на натриум е солта и треба да се ограничи на 2 грама/ден а во случај на терапија со диуретици треба да се зема дополнителна суплементација посебно цинк и магнезиум.

хепатоцелуларен карцином

Во исхраната треба да се воведат повеќе помали оброци дневно за да не се преоптоварува желудникот.

Консумирајте интегрални производи

Треба потполно да се исфрли од исхраната белиот леб и производите од бело брашно. Препорачуваме да се јаде леб направен од цело зрно на житарици. Наместо бел ориз треба да се јаде интегрален (кафеав) ориз.

Намирниците приготвувајте ги на пареа

Жолчката од јајцето, сувомеснатите производи и црвеното месо треба потполно да се исфрлат од исхраната. Од месо треба да се консумира само бело пилешко месо како и риба.

Не треба да се консумира пржена, масна и зачинета храна. Намирниците е најдобро да се подготвуваат на пареа а по потреба храната може да се блендира (пасира).

Консумирајте зелен лиснат зеленчук

Трудете се да консумира храна која е добра за регенерација на црниот дроб, а тука спаѓаат многу намирници кои можете да ги најдете на зелениот пазар. Сиот зелен листен зеленчук како репка, морков, зелка, кељ, брокула би требало секојдневно да се најдат на Вашето мени. Посебно се добри брокулите како и лукот и кромидот бидејќи содржат сулфур кој е неопходен за подобрување на работата на црниот дроб.

Суплементи кои се препорачува да се вклучат при хепатоцелуларен карцином

Од палетата на Тримекс ви ги препорачуваме следниве производи:

Choline & Inositol (Витамин Б7/Витамин Б8) – за добро разградување на масти и природна потпора на црниот дроб

Аминокиселините холин и инозитол припаѓаат на групата Б витамини, составен дел на лецитинот кој е важен дел на клеточните мембрани. Учествуваат во обликување на сите клетки  во телото, важни се во метаболните процеси. Комбинацијата на холин и инозитол помага во детоксикација и придонесува за одржување на нормална работа на црниот дроб. Холинот произведува материи кои се потребни за транспорт и разградување на холестеролот и мастите додека инозитолот помага во повторно воспоставување на внатрешната рамнотежа.

холин

Предности на комбинацијата Холин и Инозитол:

  • Производот допринесува за подобро разградување на мастите, хомоцистеинот и нормална работа на црниот дроб.
  • Производот содржи висококвалитетен извор на Б витамини, холин : инозитол = 1 : 1
  • Секоја капсула содржи 250мг холин и 250мг инозитол во облик кој најдобро се апсорбира во телото
  • Производот е погоден за вегани и вегетаријанци и е така осмислен што телото добро го поднесува

Се употребува 1 капсула дневно.

Spirulina Hawaiian – чудесна моќна природата

Спирулината претставува модро зелена алга која се карактеризира со голема содржина на хранливи материи со позитивно делување. Таа е идеална храна која го подхранува, му дава енергија и го прочистува организмот на природен начин. Дури и мали количини на оваа супер храна секојдневно многу придонесуваат за одржување и подобрување на здравствената состојба.

Содржи и бета каротен (провитамин А) кој има терапевтско значење за намалување на серумскиот холестерол и превентивно значење за постојаниот ризик за заболување од рак.

Дознајте зошто Spirulina Hawaiian е позната како најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото.

Биоастин

Биоастин е најефикасен начин да му овозможите на вашиот организам да ги добие придобивките на астаксантинот и неговата антиоксидантна способност и моќ во борбата против болестите.

биоастин

Овој извонреден нутриент може да направи многу работи да се чувствувате подобро и да ви помогне да живеете подолго:

  • Поддршка при кардиоваскуларни заболувања
  • Ефикасен во зајакнување на имунолошкиот систем
  • Потпора при стомачни пореметувања
  • Превенција од рак
  • Го намалува бројот на новите и абнормални клетки во црниот дроб.

Се употребува 1-3 капсули дневно со храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

Сподели: