пробиотици против хеликобактер

Д-р Нела Деспотовска советува: Пробиотици против Helicobacter pylori

Helicobacter pylori (H. pylori) е бактерија која е одговорна за повеќето улцери (чирови) и воспаленија на желудникот (хроничен гастритис). Бактеријата може да го ослаби заштитниот слој на желудникот, при што дигестивните сокови ја иритираат осетливата внатрешна површина на желудникот. Така, ако сте во потрага по решение за проблемот со Хеликобактер пилори, консумирајте пробиотици. Тие припаѓаат во групата на препорачани природни начини кои може да ви помогнат во отстранување на проблемот. Токму на оваа тема позборуваваме со Д-р Нела Деспотовска. Во текстот таа ни открива зошто се препорачуваат пробиотици против Helicobacter pylori. 

Околу 66% од луѓето ширум светот се заразени со оваа бактерија. Во развиените земји овој  број е поголем, дури 80% од возрасните и 10% од децата имаат инфекција со H. pylori. Повеќето луѓе ја имаат бактеријата во желудникот, но немаат симптоми и не добиваат улцер или гастритис. Но, присуството на бактеријата во организмот го зголемува ризикот од развој на карцином на желудник за 6 пати. Освен што предизвикува чир на желудникот, таа исто така може да е причинител за чирови на езофагусот и танките црева.

пробиотици

Симптоми при гастритис предизвикан од Helicobacter pylori

Консумацијата на кафе и алкохол, како и пушењето го зголемуваат ризикот од улцер предизвикан од Х. пилори.

Доколку имате улцер или гастритис, може да имате некои од следните симптоми:

  • абдоминална болка
  • надуеност и чувство на ситост
  • лошо варење на храната
  • може да се чувствувате многу гладни по 1 до 3 часа од јадењето
  • гадење (може да биде пропатено со повраќање).

Пробиотиците како дел од алтернативната медицина за надминување на проблемот со Helicobacter pylori

H. pylory е непосакувана или „лоша бактерија“ во цревата, па со употреба на пробиотиците кои се т.н. добри бактерии, може да се подобри состојбата и да се намали инфекцијата. Во 2012 година, цел на едно истражување објавено во списанието „Inflammation and Allergy Drug Targets“ биле ефектите на пробиотиците кај лица со диспепсија (позитивни со H. pylori). Лицата биле на третман со суплементи кои содржеле 8 вида на пробиотици. Било забележано дека кај 13 од 40 пациенти, H. pylori била уништена.

Истражувањата го потврдиле позитивниот ефект на пробиотиците

Една неодамнешна студија од 2017 година утврдила дека најчестите антибиотици кои се користат за лекување при H. pylori (како амоксицилин, кларитромицин и метронидазол) често пати не покажуваат успешни резултати за целосно уништување на H. pylori. Научниците претпоставиле дека тоа е резултат на резистенцијата на антибиотици која се јавува од нивната прекумерна употреба ширум светот.

Понекогаш луѓето земаат антибиотици за да ја уништат H. pylori. Но, како резултат на споменатата резистенција се случува да се уништат сите корисни и добри бактерии, а да не се уништи лошата H. pylori. Оваа студија од 2017 година, со антибиотиците, препорачува да се консумираат и пробиотици. Нивната комбинација ќе помогне да се засили ефектот и да се намалат негативите ефекти врз цревната микрофлора од предизвикани од употребата на антибиотиците.

Од истражувањата, Lactobacillus fermentum, Lactobacillus casei и Lactobacillus brevis се трите вида на пробиотици кои успешно се докажале во борба со H. pylori.

Acidophilus 4×6 за здрава цревна флора

Здравиот дигестивен систем е основа на доброто здравје. Еден од најважните фактори за здрава дигестивна функција е балансот на бактерии присутни во гастроинтестиналниот тракт. Добрите бактерии ја помагаат дигестијата на храната и се борат против патолошките бактерии 24 часа дневно за да осигурат правилна дигестија, апсорбција и елиминација на отпадот од организмот. Многу фактори го нарушуваат овој баланс – лекови, сиромашна исхрана, инфекции, стрес, лоши бактерии, стареење…

Зошто Acidophilus 4×6 од Now Foods?

Acidophilus 4×6 од Now Foods е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата, односно ацидофилните бактерии.

празнично јадење

Полезности:

  • поддршка при желудочни тегови (чир, H. pylori)
  • при нарушување на дигестијата и цревни тегоби (надуеност, пролив, запек)
  • потпора после терапии со антибиотици и подобар имунитет
  • ја подобрува цревната микрофлора, врши детоксикација против штетни бактерии…

Повеќе информации за Acidophilus 4×6 прочитајте на страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате.

Совет плус: Треба да се избегнува истовремено земање на антибиотици и лактобацили, а ако се земаат заедно помеѓу дозите треба да се направи разлика од неколку часа.

Што друго може да помогне? Bio Astin најмоќен природен антиоксиданс

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Астаксантинот природно се добива од морската алга Haematococcus pluvialis која се одгледува во заштитената околина на Хаваи. Оваа извонредна состојка ксантофил природно се наоѓа во фитопланктоните, алгите, билките и неколку печурки и бактерии. Овој екстремно моќен каротеноид може да се пофали со единствена молекуларна структура која нуди супериорна заштита додека помага да се нормализира одговорот на имуниот систем  на воспалението. Нуди голем број на придобивки меѓу кои и силното антивоспалувачки дејство, особено против Helicobacter pylori.

Повеќе информации за Bio Astin, прочитајте на страницата на Тримекс од каде што може и да го нарачате, како и на линкот: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

*Спонзориран текст

Сподели: