Скоро и да нема семејство во Македонија во кое преку зимата не се подготвуваат разни јадења со кисела зелка – расол. Има многумина кои го обожаваат традиционалниот вкус на овие јадења и по тој повод ние споделуваме со вас добар рецепт кој со децении се пренесува од генерација на генерација.
Оние кои го пробаа ни потврдија дека е феноменален, а ако сеуште не знаете како да направите најдобра кисела зелка – расол, пред вашите очи е токму вистинскиот рецепт. Потребни ви се само 3 состојки.

Состојки:
- 20 кг зелка
- 1 кг сол
- 30 литри вода.
Подготовка:
- Најпрво зелките исчистете ги, па со остар нож издлабете им го средишниот дел , односно делот кој продолжува од коренот до внатрешноста на зелката.
- Во издлабениот дел на секоја зелка наполнете со сол, па една по една наредете ги во чисто (пластично) буре.
- Во поголем сад турете ја водата и додајте ја преостаната сол. Добро измешајте ја течноста и турете ја во бурето во кое сте ги наредиле зелките.
- Најгоре ставете камен со плочеста форма, за да ги притиска зелките надолу.
- Третиот ден преточете ја течноста, а потоа правете го тоа на секои два дена. Тоа значи дека треба да ја извадите солената вода од бурето за да се размеша солта и повторно да ја вратите назад истата течност.
- Потоа оставете расолот убаво да се закисели. По околу 2 недели киселата зелка е спремна за употреба.
Ви препорачуваме да прочитате: Посен мазник со кисела зелка.