посна сарма за слави и секој ден 1

Посна сарма за слави и секој ден

Добри посни рецепти ни се потребни на сите, а овој е баш таков! Ви приготвив превкусна посна сарма за слави и секој ден, која може да ја направат и неискусни домаќинки баш совршено! Зимскиот период изобилува со бројни куќни слави и празници што ме потсетува на моите баби кои на трпезата ни сервираа совршено припремени мали посни сармички. Во спомен на тоа и во пресрет на убавите празници кои следат, одлучив да ве почестам со убав проверен рецепт со точно измерени дози, за да го направите без мака. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

Јас обожавам зачини, па додадов и вкусот беше одличен, а за да заштедам од моето и вашето време, припремив крупни сарми и од оваа доза може да планирате дека ќе направите 22-25 сарми. – додава Катерина, која стои позади инстаграм профилот @katerina.shambevska. 

посна сарма за слави и секој ден 4

Состојки:

  • 1 помала кисела зелка

За фил:

посна сарма за слави и секој ден 2

По желба за згуснување при крајот од варењето:

*2 до 2,5 литри вода за варење на сармата.

посна сарма за слави и секој ден 5

Подготовка:

  1. Оризот измијте го и пржете го со маслото 10 минути со мешање. Додајте ги зачините и убаво измешајте.
  2. Во тенџерето во кое ќе ја варите сармата, на дното распредете исечкани парчиња од неколку листови (или парчиња кои ќе ги исечете од лисјата при нивната припрема пред виткањето), па над нив редете ги сармите. Ова ќе спречи сармата да зафати за тенџерето при варењето.
  3. Од зелката земајте лист по лист, по потреба отстранувајте го среднишниот подебел дел на листот и виткајте сарми. На отворениот лист ставајте по 1 лажица од припремениот ориз и лесно виткајте ролничка, за да не биде престегната и да има простор оризот да се вари, а сармата да се оформи. 
  4. Сармите наредете ги едно до друго да се блиску и стиснати меѓу себе, па додајте ја водата. Варењето започнете го со 2 литри вода, а по потреба додајте дополнително. За подобро варење, сармите поклопете ги со потешка чинија или кујнски камен. Варете 2,5 до 3 часа на тивок оган, а потоа по желба, потпечете ги сармите со отворен капак уште 15 минути на 250 степени. Уживајте во светот на вкусовите!
посна сарма за слави и секој ден 3

Совети плус:

  • Ако зелката ви е кисела и солена, оставете ја барем 1 час во вода.
  • Ако сакате мали сармички, ставајте по половина лист зелка и 1 лажиче од припремениот ориз.

Сакаш испробани рецепти и лесни идеи? – Разгледај и заследи ме:

Автор на рецепт и фотографии:Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Празничен колач со чоколадо и ореви – идеално добар за секое семејство.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: