Ви загорело тенџерето или тавата и што сега? И на најискусните домаќинки им се случува понекогаш да им загори храната во тенџерето или тавата и да има остатоци и дамки, за кои мислите дека е невозможно да се отстранат. Самото потопување на загорените тави и тенџериња во вода, а исто така и напорното рибање со разни хемиски средства нема да резултира со отстранување на загорените и тврдокорни нечистотии.
Ние ви предлагаме да го пробате овој едноставен трик кој ќе ви помогне да ги исчистите загорените тави и тенџериња.

Состојки:
- 3 лажици киселина
- 2 шолји вода
- 1 лажица сода бикарбона
Подготовка:
- Во тавата која ви загорела додадете ја водата и киселината. Тавата ставете ја на оган и оставете водата да зоврие.
- Откако водата ќе зоврие додадете ја лажицата сода бикарбона и почекајте водата да стане пенеста.
- Тавата тргнете ја од огнот, почекајте пената да се намали и отстранете ја течноста. Потоа изгребете ги нечистотиите со рапавата страна од сунѓерот.
- На крај, во тавата ставете врела вода и детергент за миење садови. Земете четка и без многу напор отстранете ги простанатите нечистоти.
Со примена на овој совет ќе заштедите време на миење на садовите, а загорените тави и тенџериња повеќе нема да ви бидат проблем. Едноставно и брзо, зар не?