Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер) 1

Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер)

Овие слатки залчиња ни доаѓаат од кујната на Бетина. Веруваме дека и вие, исто како нас, имате желба да ги пробате овие енергетски бомбици со суво овошје. Изгледаат фантастично и ние веќе почнавме да се припремаме за нивната подготовка!

А, ако сакате да си ја планирате дозата, Бетина вели „Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 30 бомбици.“ Па, набавете ги состојките и препуштете се на слаткото уживање.

Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер) 1

Состојки:

  • 160 г суви смокви
  • 160 г урми (исчистени, без семки)
  • 1 банана
  • 5 лажици овесни снегулки
  • 3 лажици мелени ореви
  • 3 лажици мелени лешници
  • 4-5 лажици мелени лешници за валкање на бомбиците.

Подготовка:

  1. Сувото овошје и бананата ставете ги во мултипрактик или сечко. Миксирајте додека да добиете мазна и леплива смеса.
  2. Потоа додадете ги овесните снегулки и мелените ореви и лешници. Измиксајте кратко за додека се спојат состојките.
  3. Префрлете ја смесата во длабок сад и ставете ја во фрижидер да се излади и малку да се стегне.
  4. Од изладената смеса формирајте бомбици со големина на орев и валкајте ги во мелени лешници или по избор сусам, какао, кокос… На здравје!

Рецептот го испратилa: B.Kuzevski, zgotvenosoljubov.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрави енергетски бомбици со овесни снегулки и семиња.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: