Зачинети печени семки од тиква

Тиквата е симбол на есента и зимата, а нејзините семки изобилуваат со хранливи состојки. Нутриционистите често препорачуваат да се јаде тиква и да се грицкаат семките. Па, штом исечете тиква, испечете ги семките и направете си совршено здрави грицки. Грицкајте ги додека гледате некој добар филм или пак омилената серија. Следете ги овие супер совети и направете совршено печени семки од тиква.

Семките од тиква се многу вкусни, но и многу здрави грицки кои без никакви потешкотии може да ги направите сами. Па, доколку од есента ви останаа многу семки од тиква, еве како да ди ги искористите оваа зима и да ги претворите во феноменални и здрави грицки.

зачинети печени семки од тиква

Состојки:

  • 1 чаша семки од тиква
  • 1 лажичка масло
  • 1 ¼ лажичка морска сол
  • чили зачин по вкус.

Подготовка:

  1. Внимателно исчистете ги семките од сите делови на тиквата. Тие пред печење треба да бидат во целосно чисти.
  2. Семките ставете ги во цедалка и измијте ги под силен млаз ладна вода неколку пати.
  3. Потоа распоредете ги во тенок слој и оставете ги да се исушат од водата.
  4. Сувите семки прелијте ги со една лажица масло и добро измешајте ги. Потоа додајте морска сол и чили зачин, па уште еднаш добро промешајте.
  5. Семките распоредете ги во поголем плех обложен со хартија за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени околу 20 минути. Притоа, мешајте ги на секои 5 минути во текот на печењето. Зачинетите печени семки од тиква оставете ги да се изладат и започнете со грицкање.

Совет плус: Сте пробале слатки семки од тиква? Пред печењето зачинете ги со цимет, шеќер или јаворов сируп.

Ви препорачуваме да прочитате: Утринска гранола со семки од тиква и овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: