За 2 минути подгответе природен напиток за силен имунитет 1

За 2 минути подгответе природен напиток за силен имунитет

Овој напиток за силен имунитет се припрема за само неколку минути и во организмот делува како „имунитетна бомба“. Состојките во неговиот состав се познати како често застапени во медитеранската кујна и така вклопени заедно овозможуваат еден силен природен напиток кој значително го подобрува нашиот имунитет.

Ѓумбирот превенира појава на настинки и грип, го зајакнува имунитетот и е многу значаен за здравјето, а лимонот кој е богат со витамин Ц има антибактериски својства. Циметот е познат по своето лековитото дејство во справувањето на организмот со грипот и настинките.

Друг препорачлив рецепт за добар имунитет е следниот: половина лажичка цимет и една лажичка мед 2 пати дневно ќе ве ослободи од симптомите на настинка и кашлица.

Овие состојки заедно се одлични за борба против температура, настинка и болка во грлото, а доколку сакате да дознаете како може да одгледувате ѓумбир самите дома кликнете тука.

За 2 минути подгответе природен напиток за силен имунитет 2

Состојки:

  • 200 мл вода
  • ½ лимон
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка ѓумбир
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло.

Подготовка:

  1. Во чиста чаша турете ладна вода.
  2. Со помош на цедалка исцедете го лимоновиот сок и додајте го во чашата со вода.
  3. Потоа додајте ги и циметот, ѓумбирот, медот и маслиновото масло.
  4. На овој начин за само 2 минути имате природен напиток за силен имунитет, кој само треба да го измешате добро пред употреба, а најпрепорачливо е да го консумирате пред јадење.

Ви препорачуваме да прочитате и освежителен тоник од лимон и ѓумбир.

Сподели: