Звуци кои само ти ги слушаш: Што да направиш при воспаление на ушите и тинитус?

Звуци кои само ти ги слушаш: Што да направиш при воспаление на ушите и тинитус?

Ти се случило воспаление на ушите или да имаш повремено чувство на ѕвонење? Дали знаеш која е причината за оваа појава? – Симптомот познат како тинитус се јавува кај 15 до 20 проценти од популацијата, а што е важно, влијае на намалување на квалитетот на животот. Предизвикува замор, несоница, тешкотии со концентрирањето и паметењето, депресија и анксиозност. А, кој сака да се справува со вакви непријатни нешта? – Никој!

Сигурни сме дека сте сите сте согласни со нас и ви препорачуваме да проследите неколку препораки кои ги пренесуваме во соработка со нашата докторка соработник, Д-р Нела Деспотовска.

Звуци кои само ти ги слушаш: Што да направиш при воспаление на ушите и тинитус?

Тинитусот е симптом кој пациентот го доживува како звук во форма на бучава или зуење во едното или двете уши, без присуство на иритирачки звук од околината. Се јавува како резултат на губење на слухот, проблеми со циркулацијата на внатрешното уво или повреда на увото. Може да биде присутен постојано или повремено, а исто така може да биде толку гласен и моќен што го попречува слухот и концентрацијата на личноста што ја чувствува.

Постојат два вида на тинитус: субјективни и објективни. Субјективниот е најчеста појава и се однесува на бучава која може да ја слушне и идентификува само пациентот. Настанува главно поради губење на слухот при што настанува оштетување на сетилните аудитивни клетки. За разлика од субјективниот, објективниот тинитус може да го слушне дури и лекар. Тој е многу редок и се јавува поради контракција на мускулите на грлото или проблеми со циркулацијата.

Кои се најчестите причини за тинитус?

Најчестите причини за тинитус се поврзани со увото и се категоризираат како сензорно или сензоневрално губење на слухот кое обично се јавува по 60-годишна возраст. Поретко, тинитус може да се појави и поради:

  • мениерова болест
  • акустичен невром
  • повреда на главата
  • дисфункција на Евстахиевата туба.

Многу често, пациентите се жалат на пулсирачки тинитус, кој е предизвикан од проблеми со циркулацијата, односно атеросклероза. Поради неа крвните садови ја губат еластичноста и недоволно се еластични што се чувствува при секое отчукување на срцето. Други циркулаторни причини може да бидат:

  • висок крвен притисок
  • тумори на главата и вратот со притисок врз крвните садови или капиларна малформација.

Запознаени сте ли со ризик факторите за развој на воспаление на ушите и тинитус?

Влијание имаат:

  • полот
  • возраста
  • проблемите со циркулацијата (особено висок крвен притисок и атеросклероза)
  • постојаната изложеност на бучава на работното место
  • пушењето.

Лекови и додатоци кои можат да предизвикаат или влошат тинитус се: никотин, кофеин, диуретици, ацетилсалицилна киселина во големи дози, ретки антибиотици, антидепресиви и антималигни лекови.

Што може да помогне?

Најпрво, дејствувајте превентивно со користење на заштита од бучава на работното место и спречување на кардиоваскуларни болести. Избегнувајте кофеин, никотин, алкохол, стрес и гласна бучава.

Алтернативните терапии, кои вклучуваат употреба на додатоци во исхраната исто така, даваат добри резултати. Од додатоците во исхраната кои се достапни кај нас, во консултација со Д-Нела Деспотовска ви препорачуваме:

  • Ginkgo Biloba – за ублажување на симптомите предизвикани од тинитус. Гинкото ја подобрува циркулацијата и помага кај лица кај кои појавата на тинитус е поврзана со намален доток на крв во внатрешното уво. Препорачуваме да си набавите NOW ® Ginkgo Biloba, екстракт со најдобар квалитет достапен во целиот свет. Претставува производ добиен од листовите на Гинкго Билоба – најстарото дрво во светот. Добијте го најдоброто од природата – Ginkgo Biloba, растение чии листови се употребуваат повеќе од 3000 години. Неговите главни позитивни својства и карактеристики се следните: ја поддржува мозочната функција, има антиоксидативна активност, 24% стандардизиран екстракт и е вегетеријански/вегански производ без ГМО.
воспаление на уши
  • Methyl B12 – за намалување на хриничното зуење во ушите. Methyl B12 спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Присутен е во секоја клетка и игра важна улога во огромен број биолошки процеси. Учествува во синтезата на ДНК и синтезата на крвните клетки. Исто така е вклучен во синтезата на обивката од миелин околу нервите и спроведувањето на импулсите до мозокот. Methyl B12 го поддржува нервниот систем и е неопходен за производство на енергија. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем.
  • Serrazimes – за намалување на воспалението и болката во ушите. Serrazimes е протеолитички ензим со силно антинфламаторно и антиедематозно дејство. Безбеден за консумирање и претставува мешавина составена од ензими добиени од печурките: Aspergilus orizae и Aspergilus melleus. Serrazimes е регистрирана трговска марка на National Enzyme Company и е пат кон здрав и витален организам.
  • Selenium – за заштита од инфекции. Селенот има важна улога во зачувување на функцијата на мозокот и многу невролошки болести. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Освен тоа, Selenium, помага за поддршка на тироидната жлезда, јакнење на имунитетот, го намалува ризикот од срцеви болести, ги намалува симптомите на астма.

Производите може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите се достапни и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Ослободете се од непријатното зуење во ушите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagramи Pinterest. 

*Спонзориран текст.

Сподели: