хранлива вредност на лукот

Зголемете ја хранливата вредност на лукот со овие трикови

Колку е здрав лукот, сите знаеме! Но, не знаеме дека лековитоста и хранливата вредност на лукот можат да се зголемат со неколку трикови. Како и зошто е тоа така, ви откриваме во текстот кој следува!

Лукот содржи сулфурни соединенија алин и алинаса. Во молекуларната структура на клетките на лукот овие две соединенија не се споени. Но, со самото оштетување на клетките т.е. со неговото сечкање или гмечење овие две соединенија се спојуваат и на тој начин се формира еден нов ензим т.н. алицин. Овој ензим не само што му дава специфичен  мирис и вкус на лукот, туку ја зголемува и неговата имунолошка вредност. Па така, на овој начин се зголемува хранливата вредност на лукот.

хранлива вредност на лукот

Корисни информации за начинот на користење и припремата на лукот кои малкумина ги знаат

Скоро секоја домаќинка без и да знае за овие хемиски процеси при подготовката на јадење го сечка или гмечи лукот и на тој начин се формира алицинот. Во продолжение дознајте на кои се начини може да ја зголемите хранливата вредност на лукот.

Оставете го лукот кратко да отстои пред консумација

Максималната искористеност на лукот се добива доколку истиот откако ќе се исечка или згмечи се остави да отстои 5-10 минути. За ова време ќе се формира оптимална количина на лековитиот ензим алицин. Доколку не се остави лукот да отстои после сечкањето, нема да може да се искористи неговата лековита и имунолошка вредност. И јадењето на свежо чешне лук е секако здраво, но нема ни приближна здравствена корист како консумирање на ситно сечкан лук кој стоел 10 минути.

Сечканиот лук подобро поднесува термичка обработка

Ситно сечканиот лук донекаде поднесува високи температури и нема да ја изгуби својата лековитост доколку се додаде во јадењето во последните 5-15 минути од готвењето на храната. Доколку се додаде цело чешне лук поради високата температура ќе се уништат алинот и алианасата пред да се формира ензимот алицин и со тоа лукот ќе постане само храна, но не и лек. Истото правило важи и за користењето на лукот за салати. Откако ќе го исечкате почекајте некое време па консумирајте ја салатата.

Лековита вредност на лукот после термичка обработка

  • 5 – 15 минути готвење – без некое позначајно губење на лековитата вредност
  • 15 – 30 минути готвење – се губат околу 50% од лековитите својства на лукот
  • 45 минути и повеќе – потполно се губи лековитата вредност на лукот.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 препораки како да го искористите најдоброто од лукот за здравјето.

Сподели: