Здрави и посни сарми од лозов лист со просо 1

Здрави и посни сарми од лозов лист со просо

Го обожаваме блогот на нашата пријателка Лана, затоа што на него може да се најдат превкусни и лесно применливи рецепти, кои може да бидат припремени во секој дом. Време е на пости, па ако имате останато уште малку од замрзнатите лозови ливчиња, искористете ги пред да дојде пролетта и да ни донесе свежи. Рецептот е тука, хранлив и здрав, еве како да си направите убави посни сарми од лозов лист со просо.

За лесно готвење, уште полесно чувство во стомакот и за денови кога ќе посакате да јадете нешто без месо. По желба, филот можете да го збогатите со други зеленчуци по желба. Може да додадете сечкани печурки, црвена или зелена пиперка, цветчиња карфиол и слично. Како и да се одлучите, претпоставуваме дека ќе уживате во вкусот.

Здрави и посни сарми од лозов лист со просо 2

Состојки:

  • 40-50 непрскани лозови лисја (обарени и исцедени)
  • 1 шолја просо
  • 3 шолји вода
  • 1 главица кромид
  • 1/2 страк праз
  • 1 чешне лук
  • сол, црн пипер и свеж магдонос по потреба.

Подготовка:

  1. Во тава со малку масло запржете ги ситно сечканите праз, кромид и лук.
  2. Просото измијте го под млаз ладна вода и додајте го во тавата со останатите состојки.
  3. Веднаш додајте ја и водата и измешајте. Оставете да се вари околу 20 минути додека просото омекне.
  4. На крај, додајте ги зачините по вкус, сол, црн пипер и магдонос.
  5. На секој од лисјата ставете по 1 лажичка од филот и замотајте сармички.
  6. Наредете ги во тенџере (може и во 2-3 реда), па прелијте ги со вода, така што ќе бидат потполно покриени на површината.
  7. Додајте малку масло и варете 30-тина минути додека сармичките не бидат готови. Послужете ги со кругови лимон. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посна сарма од лозов лист со грав и маслинки.

Сподели: