Има ли здравствена корист во чаша шампањско 1

Има ли здравствена корист во чаша шампањско?

Најновите студии покажуваат дека пиењето шампањско е добро за нашата меморија. Само три чаши неделно можат да ја подобрат способноста за памтење или меморирање на нештата.

Научниците веруваат дека овој пијалок може да помогне во превенција против разни заболувања кои се поврзани со мозокот, како што е деменцијата и Алцхајмеровата болест.

Познавачите на шампањското како пијалак уживаат кога дискутираат за неговата корист, а писателот Џон Мортимер тврдел дека многу долг период од својот живот пиел чаша шампањско секое утро и дека тоа е тајната на неговата долговечност. Починал на 85 години.

Има ли здравствена корист во чаша шампањско 2

Еве што велат научните истражувања

Но, прв пат за здравствените придобивки од шампањското биле потврдени од Универзитетот Рединг од Велика Британија. Состојките кои ни помагаат да не забораваме се пронајдени и во црното грозје Пино ноар и Пино менуер, кои се користат за правење на шампањско. „Ова грозје се користи за правење на црвено вино и досега се направени многу истражувања за влијанието на црвеното вино врз здравјето на луѓето, но мене ме интересираше какви здравствени адути се кријат во шампањското.“ – изјавил биохемичарот Џереми Спенсер кој бил координатор на студијата.

Фенолната киселина која се наоѓа во шампањското е таа која го подобрува памтењето. Спенсер препорачува сите кои имаат повеќе од 40 години да пијат 2-3 чаши шампањско неделно. „Деменцијата веројатно започнува во 40-тите и се зголемува прогресивно се до 80-тите години. Постарите луѓе во главно не сакаат да признаат и затоа треба да се преземаат мерки уште во пораните години.“ – смета Спенсер.

Експериментот со шампањското е правен на глувци, но Спенсер тврди дека истиот ефект би бил и кај луѓето. Шампањското било составен дел од храната и им било давано на глувците секој ден. Секој глушец бил пуштан да бара храна, а вежбата била повторувана по 5 минути, за да се провери дали глувците запамтиле на кое место ја нашле храната. Глувците кои консумирале шампањско имале 70% успех, за разлика од глувците кои не консумирале и имале успех помалку од 50%.

„Резултатите беа драматични. Глувците кои редовно консумирале шампањско, пред вежбите имале 200% зголемен број на протеини кои се поврзани со памтењето. Тоа се случило по 3 недели, а мислиме дека за истиот ефект кај луѓето би биле потребни 3 години.“ – заклучил Спенсер. Наредно е планирано истражување кое опфаќа луѓе постари од 65 години, со цел директно утврдување на влијанието на шампањското врз здравјето на луѓето.

Ви препорачуваме да прочитате: 15 несекојдневни начини да отворите шише вино.

Сподели: