Ако барате рецепт за здрава, природна и вкусна верзија на спортски напиток, време е да ве израдуваме со нешто навистина посебно. Овој спортски напиток, кој во светот е познат под името „Switchel“ има традиција на пиење повеќе од 200 години и време е и ние да се запознаеме со неговите својства.
Ако грижа за здравјето на телото и духот е на прво место, ви презентираме наш домашен рецепт за подготовка на вкусен и здрав спортски напиток, чие оригинално име е „Switchel “, а не без причина, со години наназад го припремале и пиеле мудрите Амиши. Се состои од јаболкова киселина, ѓумбир, природни засладувачи и вода, а негова задача е да го освежи и рехидрира организмот после напорен физички тренинг, вежбање или било која друга потешка физичка активност. Има само 131 калорија, а во нив 35.3 грама јаглени хидрати, 0.2 грама протеини и помалку од 0.1 масти.
Многу добро знаеме колку здрави намирници се јаболковта киселина и ѓумбирот, а според тоа и здравтвените придобивки од овој напиток се големи. Такви се следните придобивки:
- Регулирање на метаболизмот
- Балансирање на рН во организмот
- Подобрување на варењето на храната
- Подобра концентрација
- Ублажување на болката во мускулите
- Снабдување на организмот со минерали и витамини
- Подобар имунитет
- Подобра заштита од воспаленија.

Состојки:
- 2 шолји вода
- ¼ шолја јаболкова киселина или околу 60 мл(најдобро е да е природна, органски произведена)
- 2 лажички јаворов сируп или мед
- 2 лажички свеж изрендан ѓумбир.
Подготовка:
- Во чиста тегла или бокал ставете ја прво водата.
- Потоа додајте ја јаболковата киселина и измешајте.
- Ѓумбирот измијте го и изрендајте го, измешајте го со медот или јаворовиот сируп и додајте ги во садот со течност.
- Убаво измешаната содржина оставете ја да стои во фрижидер најмалку 24 часа, а потоа процедете ја и сервирајте ја со мраз. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Витамински напиток за слабеење.