чоколаден напиток 1

Здрав чоколаден напиток со чиа семе

Ви приготвивме здрав и многу вкусен чоколаден напиток со чиа семе кој се прави за само 5 минути. Креиравме идеална комбинација за сите љубители на чоколадо, но и на здрава храна.

Овој здрав, чоколаден напиток има неколку предности. Направен е со бадемово млеко, не содржи шеќер и не е потребно да се вари. Има низок гликемиски индекс и го регулира нивото на шеќер во крвта, со што се губи чувството на глад, дава ситост и намален апетит. Исто така го штити имунолошкиот систем поради присуството на важни хранливи материи кои се неопходни за нормално функционирање на телото.

 

Сочоколаден напиток 2стојки:

  • 1 чаша бадемово млеко
  • 2 лажици чиа семе
  • 2 лажици чоколадно какао
  • стевиа или друг засладувач по вкус.

Подготовка:

  1. Во чаша ставете го бадемовото млеко и додајте го чиа семето. Измешајте за време од 30 секунди.
  2. Потоа, во чашата додајте го и какаото. Мешајте додека се добие хомогена смеса, а по потреба може и да го изматите со апарат за кафе.
  3. Напитокот ставете оставете го во фрижидер за време од 60 минути или преку ноќ. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Здрав домашен напиток за слабеење од 4 состојки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: