зелен чај

Зелен чај – на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци

Еден од најпопуларните чаеви во светот па и кај нас е зелениот чај. Сигурно сте слушнале дека доколку пиете зелен чај, ќе ви се подобри здравјето. Но, дали знаете зошто е тоа така? Во текстот кој следува прочитајте подетално за лековита моќ и здравствените придобивки од консумирањето на зелен чај.

Лековитата моќ на зелениот чај

Зелениот чај содржи голем број на состојки, од кои најзначајни се катехини полифеноли. Катехините полифеноли се моќни антиоксиданси, а ги уништуваат слободните радикали во организмот, кои може да предизвикаат оштетување на ДНА, а со тоа да до придонесат за развој на канцер, згрутчување на крвта и артериосклероза. Од нив најзастапен е епигалокатехин 3 галат (ЕГКГ) кој е силен антиоскиданс, што е потврдено со голем број на истражувања. Научните студии потврдиле дека ЕГКГ го стопира на растот и ги уништува на клетките на ракот, без да го оштети околното здраво ткиво, го намалува LDL холестеролот и го стопира формирањето на крвни згрутчувања, кои може да доведат до срцев удар.

Освен полифенолите, зелениот чај содржи и витамин Ц, витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган, флуорид, етерично масло, протеини, хлорофил и др. Една шолја чај содржи околу 50-100 мг кофеин и 300-400 мг полифеноли кои го обезбедуваат антиоксидантското дејство на чајот.

зелен чај

Зелениот чај може да ви помогне при следните здравствени состојби:

Редовната консумација на зелен чај превенира појава на рак

Неколку истражувања докажале дека доколку се пијат по две шолји зелен чај, се стопира растот на клетките на ракот. Зелениот чај особено е ефикасен во борбата со рак на дојката, а за тоа едно јапонско истражување кое било направено на 500 жени, покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во Кина е направено истражување со кое се докажало дека зелениот чај го намалува ризикот од појава на канцер на желудник, хранопровод, простата и панкреас. Позитивниот ефект на зелениот чај е докажан и во заштитата од рак на белите дробови, при што се намалува ризикот за појава на рак за 18 проценти.

Зелениот чај е одличен за здравјето на срцето и крвните садови

Антиоксидансите кои ги содржи зелениот чај му даваат флексибилност и го намалуваат запушувањето  на крвите садови. Позитивно дејство за полесно и побрзо закрепнување е забележано кај пациенти кои доживеале срцев удар.

Помага во намалување на тежината

Благодарение на кофеинот и супстанцијата ЕГКГ кои ги има во зелениот чај се забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото.

Покрај тоа, зелениот чај го подобрува имунитетот, позитивно влијае кај пациенти со дијабетес и превенира појава од кариес.

Сподели: