Можеби досега не сте направиле лековит напиток од зелка, а сигурно сте слушнале за придобивките од консумацијата од сок од зелка. Повторно ќе кажеме дека овој сок е навистина здрав. А за да го подобриме вкусот и да ги зајакнеме хранливите вредности, направивме супер комбинација. Пробајте го зимскиот лековит сок од зелка, цвекло и целер, кој во голема мера ќе ја збогати вашата исхрана во ладните денови.
Сокот поседува многу здравствени придобивки. Помага во намалувањето на лошиот холестерол и ги прочистува органите за варење. Во традиционалната медицина се користи како лек против чир на желудникот. Доколку го припремите со црвена зелка ќе биде поблаг и повкусен, па затоа во овој рецепт се користи црвената, но секако може да се користи и зелена.

Може да ве интересира: Сок од зелка – природен лек за здрав желудник.
Зошто е избрана секоја од состојките за припрема на овој лековит сок од зелка
Сливите се богати со витамин А, здрави се за очите и превенираат старечка дегенерација на жолтата материја на окото. Исто така богати се и со антиоксиданси. Целерот е одличен извор на фитонутриенти и антиоксиданси, содржи многу растителни влакна, како и компоненти кои го снижуваат крвниот притисок. Црвената зелка е богат извор на антиоксиданси т.н. антоцијанини кои и ја даваат карактеристичната црвена боја. Има алкално својство, па затоа се користи во третмани на чир на желудникот. Го снижува лошиот холестерол, а содржи и состојки кои помагаат во снижувањето на високиот крвен притисок. Портокалите му даваат на овој сок пријатен, овошен вкус. Богати се со витамините Ц, Б6, А и Е, и минералите: калциум, железо, магнезиум, калиум и цинк. Цвеклото е исклучително богато со антиоксиданси, содржи компоненти кои го подобруваат протокот на крв и имаат изразени антиканцерогени својства.
Состојки:
- 3 суви сливи
- 1 цвекло со средна големина
- 2 стебленца целер
- 1 портокал
- 1 помала црвена зелка
Начин на подготовка и консумирање:
- Најпрво темелно измијте ги сите состојки, а потоа излупете ги.
- Cтавете ги во соковник и иcцедете ги.
- Исцедениот сок консумирајте го секогаш свеж, бидејќи тој многу брзо ќе оксидира во контакт со воздухот ако го оставите да стои дури и краток период.
Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за сок од зелка.