Зелената глина е совршена за природна нега во летниот период 1

Зелената глина е совршена за природна нега во летниот период

Ако често пати се запрашувате како да ја одржите кожата свежа, хидрирана и со здрав сјај, сега може да ви одговориме дека тоа е лесно! Како љубители на домашната и природната нега, ја пробавме зелената глина за надворешна употреба на Виталиа и задоволни од нејзиниот ефект споделуваме повеќе информации за нејзината корист.  

Не само кај нас, туку и во светот, зелената глина е најценетото природно козметичко средство со извонредно регенеративно и ревитализирачко дејство врз кожата. И добро е да се спомене дека, иако постојат повеќе типови на глина, зелената се истакнува како најефикасна меѓу нив.

Зелената глина е совршена за природна нега во летниот период 2

За што сѐ може да се користи зелената глина?

Благодарение на високата концентрација на минерали и олигоелементи, зелената глина помага во лекување на голем спектар кожни заболувања како акни, мозолки, чиреви, рани и исекотини. Оваа глина се употребува за повеќе намени и тоа:

  • одлична е за ексфолијација и детоксификација на кожата
  • претставува природен дезодоранс и ја смирува иритираната кожа
  • помага во третман на акни и мозолчиња
  • ги намалува зголемените пори на кожата
  • ги смирува воспалените мускули
  • се употребува за дезинфекција на рани и исеченици

Како да направите домашна маска од зелена глина?

Може да ја користите и за освежување, прочистување, дезинфекција и дезодорирање на кожата. Исто така, ако ја измешате со вода во вид на паста, може да се користи и како природен антирид, односно средство против брчки. Се отстранува, по 15-20 минути, со измивање на кожата со млака вода.

Каде може да се најде?

Зелената глина за надворешна употреба на Виталиа е единствена на пазарот. Пробајте ја и уверете се во нејзините делоторни својства, а ако сакате да ја купите посетете ги аптеките, продавниците за здрава храна или нивната онлајн продавница на овој линк.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 најдобри чаеви кои го зајакнуваат имунитетот.

Сподели: