Ново истражување на Сѐ за храна! Драги пријатели овој пат предмет на нашето истражување беа чаевите кои го зајакнуваат имунитетот. Прошетавме низ маркетите, направивме анализа, па ги издвоивме трите најдобри чаеви кои го зајакнуваат имунитетот и особено се корисни во овој период на настинки и грип, а се лесно достапни.
На шега се вели дека Англичаните ги прекинувале војните за да се напијат попладневен чај. Лековитите чаеви се едни од пијалаците кои се консумираат ширум светот, речиси кај секој народ. Супер е што може да се служат низ целата година во топли или ладни варијанти. Сепак луѓето не пијат чаеви само затоа што се вкусни и за уживање. Чаевите со векови се користеле како природни лекови кои покрај другите придобивки, го зајакнуваат имунитетот, ја поттикнуваат функцијата на мозокот и го намалуваат уморот.
Постојат голем број на лековити чаеви, а ние ги издвоивме најдобрите 3 кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да го подобрите здравјето.
Чај од ехинацеа
Сте пробале ли чај од ехинацеа? Ние често го користиме овој период и сме забележале дека има позитивни дејства. Имено, со едно истражување кое го спроведе Универзитетот од Конектикат е докажано дека:
- ехинацеата ги намалува шансите за појава на настинка за 58%
- ехинацеата го намалува времетраењето на настинката за речиси ден и половина.
Авторите на студијата заклучија дека ехинацеата е моќен природен лек против превенција на настинка и грип, а ги намалува симптомите при појава на овие состојби. Со консумација на ехинацеата во рок од 10 дена, се забележани позитивни ефекти врз здравјето. Нејзината лековитост се изразува во зголемување на природната моќ на одбрамбениот имунолошки систем во борбата против микробите, вирусите, бактериите и габите кои се предизвикувачи на разни заболувања. Затоа пијте чај од ехинацеа кој е моќен природен стимуланс на имуниот систем.
Во нашите поголеми маркети може да се најде чај од ехинацеа, познат како Имуновит. Овој чај, може да купите и онлајн во продавницата на Виталиа.
Чај од нане
Чајот од нане има убава арома и е познат како природен освежувач на здивот. Покрај тоа има голем број на причини за да пиете чај од нане. Силната арома може да ви помогне при болки во грлото и да ги ублажи респираторните проблеми. Тој може да ви помогне да се чувствувате будни и да бидете фокусирани. Исто така, овој чај се покажал многу ефикасен за лекување на синдромот на иритабилни црева. Согласно со една студија објавена во The Journal of Pediatrics, речиси 75% од децата на кој им биле дадени капсули со масло од нане, имале намалена болка при овој синдром. Па, уживајте во аромата и пијте чај од нане!
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир има пикантен вкус, а помешан со мед, е одличен како пијалак за ладните зимски денови. Коренот на ѓумбирот е основен извор на сите медицински својства. Во светски рамки се користи како ефикасен природен лек при повраќање предизвикано од патување или хемотерапија. Тој, исто така има анти-инфламаторни дејства кои помагаат при вкочаентост и воспаление на мускулите. И покрај тоа што помага при стомачни грчеви, преголемата консумација на ѓумбир може да предизвика стомачни проблеми, па затоа чајот од ѓумбир пијте го умерено.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот.