Секое годишно време има своја убавина. А симболи на зимата се снегот, како и празниците кои ги има во голем број. Во периодот на ладните денови и празниците, кои се одбележуваат со богати трпези, апетитот се зголемува, а поголем број лица се соочуваат со зголемување на телената тежина. Како да го поминеме празничниот период без да имаме зголемен апетит, дигестивни проблеми и покачување на килограмите? – Овие прашања ги доставиме до Д-р Нела Деспотовска.
Ако и тебе ти се случуваат варијации со телесната тежина во зима, продолжи со читање и примени ги препораките од Д-р Нела.

Пијте повеќе вода и топли напитоци
И зима потрудете се да внесувате 2 до 3 литри вода на ден. Често се случува да се осеќате гладни, но всушност тоа да биде знак на жед. Помеѓу оброците пијте топли чаеви. Изберете зелен или чај од камилца. Исто, направете си детокс вода со парчиња лимон и нане. Овие напитоци ќе ви помогнат и за подобро варење на храната.
Бидете физички активни и движете се
Редовното вежбање може да ви помогне за намалување на желбата за храна. Движењето ја поттикнува циркулацијата и помага во контрола на апетитот.
Консумирајте исхрана богата со протеини
Оброците кои се богати со протеини и растителни влакна ќе ви дадат ситост и ќе го намалат апетитот. За ручек или вечера изберете порција на немасно месо – пилешко или риба во комбинација со салата или печени зеленчуци. Вклучете и путер од јаткасти плодови, изварка (урда), грчки јогурт, јајца или авокадо. Топлите супи во вечерните часови се одличен избор кој ќе ви даде ситост.
Вклучете глукоманан и намалете го апетитот
Glucomannan е растворливо влакно добиено од корен на konjac (Amorphophallus konjac) кое се користи со векови во традиционалната јапонска медицина и може да помогне во одржување на цревниот баланс. Една од најважните придобивки е тоа што глукомананот помага за намалување на чувството на гладот. Комбинацијата од здрава исхрана, глукоманан и физичка активност, помага за намалување на чувството на глад, намалување на вишокот на килограми, забрзување на метаболизмот и севкупно подобрување на здравјето.
Важно! За да се постигнат максимални резултати се препорачуваат 3 капсули, 1 до 2 пати на ден, со најмалку 250 ml вода, 30-45 минути пред оброк. Бидејќи глукомананот апсорбира течности, задолжително е капсулите да се испијат со најмалку 250 мл вода.
Повеќе информации за глукомананот може да прочиташ тука: https://vitamini.mk/produkt/glucomannan575-mg-180-kapsuli/

Истиот може да се набави:
- Од онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава до твојата адреса
- Во поголемите аптеки низ земјата.
Не прескокнувајте оброци
Прескокнувањето на оброците, особено појадокот може да предизвика зголемен глад и прејадување во вечерните часови.
Избегнувајте прекумерно консумирање на алкохол
Алкохолот може да ја зголеми желбата за обилни оброци и чести ужини.
Ако имате лошо варење на храната вклучете пробиотици и дигестивни ензими
Acidophilus 4×6
Acidophilus 4×6 од Now Foods е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии во човековиот интестинален тракт. Содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула (6 вида на пробиотици). Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата, односно ацидофилните бактерии. Дознај повеќе и нарачај го со бесплатна достава преку vitamini.mk.
Gluten Digest
NOW Gluten Digest е создаден за да обезбеди дигестивна поддршка за лица кои имаат потешкотии при варење на храна што содржи глутен, како резултат на недостаток на цревните ензими одговорни за конечно разложување на глутенските пептиди. Gluten Digest е ефикасен додаток кој може да помогне при симптоми на гасови, интолеранција на глутен, интолеранција на лактоза, надуеност, дијареја и запек. Ги подобрува симптомите кои се однесуваат на неправилно варење на храната.

Консумирајте умерена количина на храна, избегнувајте мрсна и калорична храна, не претерувајте со алкохолот. Практикувајте ги овие совети и останете здрави и за време на празниците!
Може да те интересира: Водич за намалување на гладот и полесно слабеење – изработен во соработка со Д-р Нела Деспотовска.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk
