Една од најпознатите лековити билки, посебно во зимскиот период е нането. Благодарение на својот уникатен вкус и благотворно дејство, чајот од нане е омилен на многумина. Чајот од ова растение е одлична превенција од разни инфекции, бидејќи содржи голем број на антиоксиданси и хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Во минатото, чај од нане се користело како средство во борбата против глисти, за намалување на нагонот за повраќање, против колера, болка во увото и крвавиот секрет од белите дробови. Во продолжение ви откриваме неколку причини зошто треба да пиете чај од нане секој ден.

Делува позитивно на дигестивниот систем
Долго време нането се употребува при проблеми со варењето, односно за нервозен желудник. Помага за брз проток на храната, како и за правилна работа на желудникот и цревата. Ја ублажува и појавата на гасови и надуеност.
Ги намалува главоболките и мигрените
Нането ги опушта мускулите и ја ублажува напнатоста, па може да од голема помош во борбата против главоболките. Може да се намачкате со масло од нане во пределот на слепоочниците и вратот или едноставно да испиете една шолја чај од нане.
Ја зголемува енергијата
Чајот од нане позитивно влијае на нервниот систем, да го зголеми нивото на енергија и да ја спречи дневната поспаност.
Помага за намалување на килограмите
Чајот од нане има освежителен сладок вкус, без калории и кофеин. Покрај тоа, нането го намалува апетитот, што е важно во борбата против вишокот килограми.
Ја подобрува концентрацијата
За оние кои имаат потешкотии да се концентрираат, нането ќе биде од голема помош. Позитивно влијае на меморијата и на брзината на реакцијата.
Има антибактериско дејство
Нането може да се користи за борба против некои бактерии, вклучувајќи стафилококи, салмонела и листерија. Го спречува растот на микроорганизмите, а може и делумно да ја дезинфицира усната шуплина.
Ви препорачуваме да прочитате: Со чај од нане до полесно слабеење! – Еве како помага за витка линија.