ладење пиво

Изладете пиво или сок за 2 минути

Дали ви се случило да ви се најават гости, а вие да сте заборавиле да ги ставите пивата и соковите во фрижидер? Отсега повеќе нема да имате потреба да се грижите, бидејќи за само 2 минути, следејќи ги неколкуте едноставни чекори, вие ќе имате леден пијалак спремен за освежување. 

  1. Во стаклен или пластичен сад ставете вода и коцки мраз. За најефикасно ладење на пијалаците изберете сад кој има подебели ѕидови и е добро изолиран. Се препорачува да користите длабок сад за да има доволно место за мешавината од вода и мраз. Во садот, додајте коцки мраз колку што можете, но внимавајте да има простор за убаво да се потопи лименката. Мешавината од 50/50 мраз и вода е најдобра. Со оваа постапка може да изладите една или неколку лименки со сок и пиво.
  2. Додајте сол во водата. Во садот со мраз и вода, додајте 2 лажички сол и добро измешајте. Солта ќе се раствори на јони од натриум и хлор. Притоа, поларно ориентираните молекули на водата, извршуваат работа, за која е потребна енергијата која потекнува од топлинската енергија на водата, и на тој начин постигнува намалување на температурата на околината – ефект на ладење.
  3. Ставете ја лименката пиво во ледената вода и измешајте брзо. Мешањето на пијалаците ќе помогне топлината да премине побрзо од пијалакот кон растворот од вода и мраз.
  4. Почекајте две минути. Температурата значително ќе се намали за кратко време. Ако сакате да имате поладни лименки пиво или сок, измешајте ги повторно во солената ледена вода и оставете ги дополнителна минута или две.  Поедноставно не може да биде!

Сподели: