Имате отечени непца? Еве што може да ви помогне!

Отечените непца се чест проблем, а може да бидат предизвикани од различни причини. Ако имате проблем со отечени непца повеќе дена последователно, најдобро е да го посетите вашиот матичен стоматолог. А, додека чекате термин, има неколку работи кои може да ги направите за да го намалите отокот и непријатноста во устата.

Можни причини за појава на отечени непца

Експертите наведуваат неколку чести причини за воспаление на непцата:

Користење на паста или раствор за заби од нов бренд. Ако во скоро време сте купиле нова паста или раствор за заби кои прв пат ги користите, отечените непца може да бидат предизвикани како резултат на реакција со некоја од состојките.

отечени непца

Лекови. Доколку неодамна започнавте да користите лекови, а забележавте дека непцата ви отекле, треба да знаете дека можно е да станува збор за несакани ефекти од лекарствата. Известете го вашиот лекар, па тој ќе одреди соодветна замена за терапијата.

Лоша исхрана. Недостатокот на витамин Ц може да доведе со воспаление на непцата. Па, ако не сте јаделе доволно овошје и зеленчук, причината може да биде начинот на исхрана.

Гингивитис. Најчестата причина за отечени непца е гингивитисот. Доколку не ги четкате добро забите, тоа може да биде една од причините.

Постојат голем број на причини кои може да доведат до воспаление на непцата, па затоа е најдобро да разговарате со вашиот стоматолог за да може точно да се утврди дијагнозата.

Што може да ви помогне при отечени непца?

За да го надминете проблемот и да го намалите отокот на непцата, применете ги следните совети:

Редовно четкајте ги забите и користете забен конец

Ако причината за отечените непца е гингивитис, добрата орална хигиена е прв чекор во надминувањето на проблемот.

Подобрете ја исхраната и внесувајте доволни количини на витамин Ц

Претходно спомнавме дека лошата исхрана може да биде причинител за појава на отечени непца. Прво, зголемете ја количината на овошје и зеленчук, и избегнувајте ги газираните и пијалаците кои содржат кофеин. Ако отокот е пропатен со крвавење, земете витамин Ц. Од суплементите со витамин Ц можеме да го препорачаме AlphaSorb-C. Станува збор за најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц, кој има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц и 300% зголемена биорасположливост. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник, не се јавува вознемирен стомак. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. NOW® AlphaSorb-C® вклучува Transport C-PLUS®, патентирана комбинација на подобрена треонска киселина, не-кисел калциум аскорбат, Алфа липоична киселина, рутин, шипка и ацерола. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.

отечени непца

Сега, благодарение на Тримекс, овој витамин може да го набавиме од сите подобро снабдени аптеки низ земјата, а исто така може да го порачате преку нивната онлајн продавница, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

Исплакнете ја устата со солен раствор

Солената вода може да ја намали болката од инфицираните непца.

Што може да ја влоши состојбата?

Немојте да користите паста и раствор за заби кои ги иритираат вашите непца. Растворите за заби кои содржат алкохол може да ги иритираат непцата. Заменете ја пастата за заби ако забележите болка во непцата.

Немојте да консумирате алкохол и пушите цигари, затоа што овие состојки ги иритираат непцата.

Немојте да го игнорирате проблемот. Преземете мерки за да го намалите отокот и посетете го стоматологот за да утврдите дека отокот на непцата не е симптом кој укажува на посериозна болест.

Ви предлагаме да прочитате: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

*Комерцијален текст

Сподели: