Кога сакате да каснете нешто слатко, а сепак да биде припремено со љубов кон сопственото здравје, каснете парче од оваа торта. Фотографијата зборува доволно, а рецептот за интегрална посна торта со јаболка е тука за сите нас!
Од Невена дознавме „Ем посна, ем вкусна тортичка, со прекрасен мирис…“, а бидејќи и веруваме со големо уживање го споделуваме нејзиниот рецепт.

Состојки:
- 150 гр интегрално брашно
- 100 гр брашно од хељда
- 100 гр бело брашно
- 200 гр кафеав шеќер
- 75 мл масло
- 350 мл вода
- 1 кесичка (12 гр) прашак за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1/2 лажиче цимет.
За фил:
- 50 гр суво грозје
- 2 средни јаболка
- неколку сечкани ореви по желба
- по потреба шеќер во прав за посипување на печената торта.
Подготовка:
- Најпрво излупете ги и исечкајте ги јаболката на помали парчиња.
- Земете тава за печење со бр.26, намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
- Рерната вклучете ја да се загрее на температура од 180 степени.
- Во сад измешајте ги сите три брашна, шеќерот, ванилата и печивото.
- Потоа во садот додајте ги и водата, маслото, екстрактот и циметот. Убаво измешајте за добро да се изедначи смесата.
- Смесата турете ја во тавата, а одозгора наредете ги прво сувото грозје, па јаболката, а ако сакате може да додадете и неколку сечкани ореви.
- Ставете ја да се пече околу 40-45 минути или времето одредете го спрема вашата рерна. Оставете да се излади и пред служење посипете со шеќер во прав.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна торта со јаболка, цимет и кокос.