Исчистете го лицето само со мед

Искористете мед како средство за чистење на лицето

Можеби ќе ви звучи по малку чудно да употребувате мед како средство за чистење на лицето, но тој е навистина делотворен и ефикасен за таа намена. Во продолжение дознајте како може да го исчистете лицето само со мед.

Медот е мошне ефикасен кога е во прашање чистењето и смирувањето на кожата на лицето. Но, притоа мора да се внимава медот кој ќе се користи за оваа намена да е природен и органски. Неговата смирувачка моќ се должи на тоа што содржи природни антибактериски својства кои ја негуваат кожата. Затоа, медот е особено делотворен во борбата против акните и иритациите на кожата.

чистење на лицето со мед

Природен мед како средство за чистење на лицето

За да го направите овој домашен третман потребен ви е само малку мед. За почеток одберете квалитетен, природен и органски мед од познати пчелари.

Исплакнете ја кожата на лицето со топла вода. Тоа е важно за да може полесно да ги апсорбира хранливите материи од медот. Во едната рака земете мала количина на мед (помалку од 1 мала лажичка за кафе) и затоплете го со помош на прстите. Потоа, со помош на кружни движења, медот рамномерно втријте го во кожата на лицето. Со цел порите длабински да се прочистат, оставете го медот да делува околу 5-10 минути на лицето, а потоа измијте го со млака вода.

Тоа е целата постапка, брза лесна и едноставна, а мошне делотворна и што е најважно само со една природна состојка – мед. Уверете се и сами и уживајте во вашата подмладена, мазна и чиста кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: 2 третмани со мед и лимон за чистење и хидратација на лицето.

Сподели: