Иако имате куќа полна со разни препарати за чистење, сепак најевтиниот и најефикасниот препарат може да биде обичната сол. Без разлика дали употребувате морска или кујнска сол за чистење, достапни ви се многу начини и различни дејства зависно од потребата.

Ви припремивме 16 одлични трикови во кои може да употребите сол за чистење на домот:
- Исчистете ги метални предмети со мешавина од еднакви делови на сол, брашно и оцет.
- Дамките на тепихот посипете ги со сол. Почекајте додека тепихот ја апсорбира солта и вшмукајте со правосмукалка.
- За полесно да ги отстраните загорените остатоци од храна во тавата, после користењето посипете ја со сол.
- Дамки од кафе и чај можат да бидат отстранете така што местата ќе ги триете со сол.
- Ако сакате да го исчистите чајникот, наполнете го со вода, додадете четири лажици сол и оставете водата да зоврие.
- Исчистете ја пеглата така што на една стара крпа ќе ставите сол, а потоа со врелата пегла неколку пати ќе поминете врз неа.
- Исчистете ги крпите од бактериите така што ќе ги вриете во солена вода.
- Ако цвеќињата стојат премногу долго во вазна, тие ќе остават дамки и непријатен мирис. Ослободете се од таквата појава, така што внатрешноста на вазната ќе ја истриете со сол, а потоа ќе ја исплакнете со млака вода.
- Отстранете ја рѓата од металните предмети со правење на паста од сол, мајонез и вода. Пастата намачкајте врз зар’ѓаните области и оставете ја да се исуши на сонце. Потоа, отстранете ги остатоците од пастата со сува крпа.
- За да ги избркате мравките и да ја спречите нивната повторна појава, околу вратите и прозорците посипете сол.
- За да ги отстраните дамките од сапун, измешајте една лажица сол и четири лажици јаболков оцет.
- Направете супер ефикасно средство за чистење подови така што во кофа со вода ќе додадете шолја сол.
- За вашите темни крпи и фармерки подолго да ја задржат бојата, во машината за перење истурете една лажица сол.
- Исчистете ја прашината од пластичните цвеќиња, така што ќе ги ставите во кеса која претходно сте ја посолиле, а потоа добро протресете.
- Ослободете се од непријатната миризба на рацете со тоа што ќе ги истриете со сол и кора од лимон.
- Отстранете го мирисот од чевлите, така што во нив ќе ставите сол и оставете да стои во текот на ноќта.