Може ли да замислите приготвување на азиска храна без вок тава? Ако веќе имате купено вок или сте во план да набавите, еве неколку насоки и совети кои треба да ги следите при приготвувањето на храна со помош на оваа тава.
Вок тавата е симбол на азиската кујна, чиј облик наметнува посебни техники за приготвување на храната, што и ја дава специфичноста на источната кујна во целиот свет. Ако сакате да ја користите вок тавата на прав начин, ние сме тука да ви помогнеме.
Користете вок тава со соодветна големина
Ако сакате да приготвувате јадења со динстање или пржење доволна ви е вок тава со големина до 40 см во дијаметар, затоа што ако е поголема ќе се соочите со проблем при поткревањето и мешањето на храната. Многу е важно, во тавата да не ставате преголема количина на храна, затоа што намирниците нема да може рамномерно да се испечат.
Припремете ги намирниците пред да ја ставите тавата на оган
Пред да ја ставите вок тавата на шпоретот, припремете ги сите потребни намирници, така што ќе ги исчистите и исечкате. Ова е неопходно затоа што вок тавата за кратко време достигнува висока температура и за време на готвењето потребно е да пазите да не загори јадењето. Затоа сите намирници треба да бидат исечкани и на дофат на раката.
Загрејте ја вок тавата пред да ставите масло
Пред да ставите масло, вок тавата ставете ја на шпоретот да се загрее додека забележите чад. На овај начин се отвораат порите на металот кои на јадењата му ја даваат препознатливата арома. Штом во тавата ставите масло, порите се затвораат.
Внимателно изберете масло за готвење
При приготвувањето на храна во вок тавата, важно е да изберете масло со висока точка на вриење, а најдобар избор се маслото до семки од грозје, маслото од кикири, маслото од соја и полурафинираното сусамово масло. Избегнувајте масла кои содржат полинезаситени масни киселини како што е маслиновото масло и путерот.
Јадењата во вок тавата приготвувајте ги на висока температура
За да биде храна крцкава, истата треба е да се приготвува на температура од најмалку 200 степени. Ако температурата е висока, намирниците ќе се пржат и ќе бидат крцкави, и покрај постојаното мешање.
Гответе на отворен пламен
Плинските шпорети се најдобар избор за готвење со вок тава, затоа што контролата на температурата е многу подобра.
Често мешајте
При готвењето на храната во вок тава, честото мешање е задолжително. Затоа набавете си долга метална шпатула и за време на динстањето на храната, често мешајте. Практикувајте повремено да ја тргнете тавата од огнот и да ги измешате сите состојки со затресување на вокот.
Вок тавата може да ја користите за пржење во длабоко масло
Вокот не е наменет само за брзо динстање, пржење на ориз, месо и зеленчук. Оваа тава може да ја користите и за длабоко пржење. Вок тавата е подобар и попрактичен избор во споредба со обичните тави, затоа што ќе ви биде потребно помала количина на масло.
Ви предлагаме да прочитате: Едноставно и брзо исчистете ги загорените тави и тенџериња.