портокали за сок

Како да изберете најдобри портокали за цедење на сок?

Обожавате да цедите свеж сок од портокали, но не знаете кои портокали се најдобри за тоа? Прочитајте ја следната содржина и дознајте кои портокали се поубави за јадење, а кои за цедење на сок. Свежо цедениот сок од портокали е добар за здравјето на тироидната жлезда, а содржи балансирана содржина на природни шеќери, корисни ензими, антиоксиданси, витамин Ц, магнезиум и калиум кои го поттикнуваат метаболизмот. 

Често ни се случува да посегнеме по соковите кои се продаваат по маркетите, но тие може да содржат конзерванси, додадени шеќери и вештачки бои. Освен тоа, тие најчесто се концентрирани и имаат повеќе калории, во споредба со свежо цедените сокови. Затоа, најдобро е да си направите свежо цеден сок од портокали и да ги искористите придобивките за здравјето. Но, треба да знаете дека сите портокали не се подеднакво добри за цедење. Некои сорти на портокали се добри за јадење, а други за готвење.

сок од портокали

Навел портокали

Навел портокалите се големи, немаат семки и се многу популарни. Карактеристично за овие портокали е тоа што во долниот дел имаат мал дел во форма на круг кој потсетува на папок. Штом ги излупите овие портокали, во внатрешноста, над долниот дел може да забележите малечки портокали.

Големината, вкусот, количината на сок која ја содржат ги прави овие портокали популарни како одличен избор за јадење, готвење и цедење на сок. Може да се купат преку целата година, но најдобри се во сезоната на зимските месеци од Ноември до Јануари.

Портокалите од сортата Валенсија се најдобри за цедење на сок

Најголемиот дел од соковите кои се продаваат, се прават од портокалите од сортата Валенсија. Овие портокали најчесто немаат семки (може да содржат максимум 7) и се вкусни за јадење, но особено се погодни за сок. За разлика од Навел портокалите, може да се набават во подолг временски период, а највкусни се од Октомври до Јануари.

Мандарини

Сигурно сте забележале дека на пазарите може да се најдат различни сорти на мандарини. Едните имаат портокалова кора, немаат семки и се поголеми, а се добри за јадење и цедење на сок. Другите имаат посветла боја, имаат семки и се покисели во споредба со поголемите мандарини. Покиселите мандарини во својот состав содржат состојка позната како синефрин која се користи во различни препарати за слабеење.

Ви препорачуваме да прочитате: Портокал – освежителен еликсир неопходен за ладните денови.

Сподели: